10.04.2024
Дали сте слушнале за сместувањето „Ана Плетварска“?
Дали сте слушнале за сместувањето „Ана Плетварска“?
Тимот на Кајак.мк
има една мисија до последниот ден од постоењето на платформата www.kajak.mk, а тоа е да ве запознае со сите домаќини, со сите ќошиња и сите позитивни
приказни во Македонија за луѓе кои се трудат да создадат приказна која ќе шири добрина.
Мотото на Кајак.мк е „Новата ера на туризмот“ која започнавме да ја промовираме пред неколку години, а ќе ни треба уште многу време за да ја постигнеме нашата цел. Секојдневно промовираме нови локални херои кои вложуваат многу труд и работа се со цел да го развиваат туризмот на свој уникатен начин.

Туризмот во
Македонија е свет во кој има место за секого, има сместувања и домаќини за сечиј
карактер и за сечии потреби.
Денеска, ќе ве прошетаме низ Плетвар, селце кое е се наоѓа на 1000 метри надморска височина, непосредно до патот кој води од Прилеп кон Кавадарци. За многу странски туристи веќе позната локација за одмор од патувањето или долгото возење, а за нас уште една нова дестинација каде можете да го најдете својот спокој.

Во самото село се наоѓа куќарка во која можете да престојувате, а во топлите пролетни летни денови, домаќините ви овозможуваат да си поставите ваш шатор и да ги користите кујната и тоалетите од самата куќа. Куќата за изнајмување го носи називот „Ана Плетварска“ а многу од коментарите зборуваат дека ова сместување има домаќини кои се грижат за своите гости на прав начин.

Сместувањето има рустичен ентериер, скоцкан за луѓе авантуристи кои не бараат луксуз, туку едноставно го бараат спокојот. Ова сместување е идеално за луѓето кои сакаат уникатни искуства. Цените на сместувањето се прилагодени како би можел секој од нас да си дозволи бегство во ова сместување.

Куќата располага
со еден апартман за 4 лица, една просторија со брачен кревет за 2 лица, како и дневна
просторија која има капацитет за 30 лица. Има опремена кујна и пространо зелено
дворче во кое може да се постават многу шатори.
За оние кои
сакаат повеќе фотографии, информации како и опција за он-лајн резервација може
да најдат со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Blaze Melov
10.04.2024 23:29
Objektot e super ,i e blisku do glavniot pat ,i vrede da se posetl
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.