16.08.2021

Организираме џип сафари на Галичица

Организираме џип сафари на Галичица

Летото не би било компетирано ако не искусите некоја од авантуристичките тури кои се организраат ширум Македонија. Без разлика дали сте заљубени во летањето, пливањето, велосипедизмот или ред други активности, едно ни е сосема јасно, а тоа е фактот дека секоја тура си носи свои уживања.


Дел од турите, започнавме да ги вклучуваме во нашите тим-билдинг понуди кои може да ги искористат сите компании во Македонија. Доколку вие и вашит тим сакате да ви организираме еднодневна или повеќедневна авантура низ Македонија, кликнете ОВДЕ за да го пополните формуларот.

Луѓето кои од денеска се приклучуваат на листата на Кајак.мк како локални херои кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот се „Jeep Safari Galichica“.


Ние ќе ве запознаеме со Ристе Николовски кој е дел од целиот тим на луѓе кои ја претвараат Галичица во авантуристички парк.

Ристе ни раскажува дека причината која ги поттикнала да започнат со организирање на ваквите тури е љубовта кон природните убавини на Националниот парк Галичица. Отсекогаш размислувале како тие убавини да им ги престават на странците кои го посетуваат Охрид, а сето тоа преставување да биде на еден уникатен начин.


Се одлучиле да организраат сафари на Галичица, од причини што националниот парк поседува асфалтирани и неасфалтирани патишта и сето тоа може да се искомбинира во интересна авантура.

Ристе вели дека се вози по планински асфалтирани и неасфалтирани патишта, по скоро цела должина на националниот парк. За време на екскурзиите гостите може да го погледнат Охридското и Преспанското езеро од  височините на Галичица. „Тоа е како да го гледате светот на дланка“, вели Ристе.


Запрашан за тоа кој е најважниот момент на турите, Ристе додаде дека прекрасните пејсажи и разновидноста на растителниот, а и животински свет се нешто кое мора секој да го доживее. Галичица е еден од најубавите паркови во Македонија. Таа крие многу тајни, многу уникатни места и секако чист воздух.


Евелвацијата од почетната до највисоката точка на патувањето е 1000 метри. За време на ова искчување, групите прават попатни паузи каде имаат можност да направат прекрасни фотографии од светот на Галичица.

Доколку сакате да комуницирате со организаторите на ваквите тури, кликнете ОВДЕ. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!

И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.

Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?

Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.