14.06.2021

Апартмани во Дојран идеални за истражување и уживање во регионот

Апартмани во Дојран идеални за истражување и уживање во регионот

Еј дечки, сезоната во Дојран ни тропа на врата. Дали знаете дека годинава ќе има Д ФЕСТ? Дали знаете дека годинава ќе има дружење, музика, уметност и разни спортски и културни настани покрај езерото? Ова е нешто што не прави нам од тимот на Кајак.мк среќни. До официјалната најава на Д фест, ние решивме да ги додадеме сите сместувања во кои ќе може да престојувате преку цело лето.


Денеска ве запознаваме со домаќините на „Дани апартментс“ кои за Кајак.мк велат дека за нив најважно од се е гостите да се чувствуваат како дома. Сместувањето се наоѓа во близина на езерото и плажата, а вилата располага и со зелен двор кој гостите може да го користат за време на одморот. За нив најважен е мирот кој го пружи ова сместување. Вилата се наоѓа во непосредна близина на сите значајни знаменитости, но сепак во мирна област каде нема да се слушне бучава.


Дојранското езерто е одлична дестинација преку лето. Идеален регион за активен туризам, почнувајќи од велосипедизам и кајакарење по езерото. Дојранскиот регион пак, има доста религиозни и историски објекти кои вреди да ги посетите и да научите повеќе за Македонија.


За нас доста важна е медитеранската клима која е присутна во регионот, квалитетната храна од локалните жители, маслиновото масло кое се произведува во Дојран и секако добрата риба.

Доколку сакате повеќе инфо од вилата Дани, контакт за резервации и фотографии, тогаш кликнете ОВДЕ. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.