15.03.2023
Во Македонија сѐ уште се организираат книговезачки работилници
Во Македонија сѐ уште се организираат книговезачки работилници
Мисијата на Кајак.мк е да ги открие на виделина сите занаетчии кои според нас се душата на туризмот во Македонија. Верувале или не, во Македонија има многу такви локални мештани кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот.
Цврсто се држиме до нашата цел! Еден ден прераснеме во национална платформа за туризам во Македонија, на која ќе ги имаме апсорбирано сите чинители! Сето ова ќе го постигнеме, само доколку продолжиме да им ја пружиме шансата за промоција на оние најмалите кои никогаш досега немале можност да бидат промовирани.
Секојдневно раскажуваме нови приказни, а сега ќе ви ја раскажеме приказната на Драган Георгиевски, човекот кој животниот пат од Битола до Охрид го поттикнува да продололжи со испишување на семејната приказна „Книговез“. Приказна која својата прва страница ја добива во далечната 1979-та година.
Денеска, производите кои ги продава Книговез можете да ги погледнете во „Бакалницата на Кајак“, а работилниците кои ги организираат можете да ги погледнете во категоријата „Каде Овде“.

Драган ни ја раскажа приказната за историјата на Книговез која започнува пред 4 децении во Битола на улицата Св. Нектариј Битолски, лоцирана на околу 100 метри оддалеченост од Безистенот, на самиот почеток на „Старата Битолска Чаршија“

Приказната ја започнуваат неговиот татко кој дипломирал како графички инжинер во Загреб, неговата мајка со завршен курс за книговезец и двете ученички Валентина и Менка.

Битолскиот дуќан фунцкионира до 1985 година, кога семејството на Драган одлучува да го затвори и да се пресели во Охрид, каде семејната ангажираност продолжува како квалификувани стручни лица во графичката индустрија во печатницата Коста Абраш.

Драган вели дека се запознал со книговезачкиот
занает при крајот на деведесеттите години и тогашната љубов кон занетот го
поттикнува да изработи стотици производи од тврд повез.
Изучувајќи ги основните вештини од неговиот татко, во локалната семејна гаража, произлегла желбата повторно да ја регистрираат нивната работилница „Книговез“ и да ја вратат душата на семејниот занает.

Охридската работилница официјално започнува со
работа на 20.03.2021 година и активна е до ден-денес.
Во моментов Драган е тој кој ја раководи работилницата, а дополнителна помош добива од неговата сопруга Билјана Георгиевска која исто така го совладува занаетот.

Поради намалениот обем на работа и изумирањето на користење на хартијата за пишување во секојдневието, Драган одлучил да изучи дополнителен занает. Тоа се вештините за рачно изработени производи од кожа како корисни предмети во секојдневието. Исто така, ја совладува и рачната резба на кожа која до 2007 година не била застапена во Македонија.

Она кое Кајак.мк сака да ви го потенцира во четивото за „Книговез“ се забавните работилници кои се организираат за различни возрасти. Од 10 годишни до пензионери. Драган вели дека преку ваквите работилници посетителите може да изработуваат минијатурни бележници со тврд повез, да шијат рачно производи од кожа и да уживаат во презентацијата на рачна резба од кожа.

Првата работилница започнала по барање на една девојка од Холандија, на 18 август 2014 година која ги замолила да и помогнат да си изработи ташна по нејзина желба. Работилницата беше успешна, девојката беше презадоволна, а ние продолживме да нудиме работилници се до денес, вели Драган.

Во работилницата посетителите имаат можност да пеат и да свират на разни инструменти. Книговез располага со едно пијанино и две гитари. Во летниот период може да се затекнат академски музичари кои имаат свои проби во работилницата.


Што се однесува до производите кои ги
изработуваат денеска, секој нарачател преку бакалницата и секој посетител може
да добие производ по своја желба. Секако во рамките на умешностите на занаетчиите.
Денеска може да најдете разни бележници,
паричници, футроли за картички, приврзоци, ремени и уште многу други дела.
Доколку сакате да ги погледнете изработките
кликнете ОВДЕ, доколку сакате да ја погледнете точната локација кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Викенд идеја: Ротинско Езеро и Нижеполе – совршен спој на мир, планина и природа близу Битола
Откријте ја викенд дестинацијата Ротинско Езеро и Нижеполе кај Битола – комбинација од езерска тишина, планински пејзажи и локална гастрономија. Идеја за кратко бегство во природа.
Нова дрвена куќичка во Суви Лаки со приватно џакузи идеално за викенд уживање!
Сместена на 1000 метри надморска височина, опкружена со борова шума, чист планински воздух и целосен мир, оваа куќичка е создадена за сите оние кои сакаат да избегаат од градската бучава и да се поврзат со природата.
Неделно откритие од Македонија: Скриени приказни што вреди да се споделат
Откријте ја „АЛ-БИ“ библиотеката во Бабино, Демир Хисар — уникатен културен центар и приватна иницијатива посветена на зачувување и достапност на книжевното наследство во Македонија.
Осоговските планини стануваат новиот центар за авантуристички туризам во Македонија
Откриј ги Осоговските планини со Kajak.mk – АТВ тури, кампување под ѕвезди, пикник во природа, коњички тури и уникатни авантури во Македонија.
Дали знаете дека во Македонија има дрвени куќички со панорамски поглед на Охридско Езеро?
Денеска ве водиме во Горна Белица, планинско село сместено на 1440 метри надморска височина, каде природата, тишината и погледот кон Охридското Езеро создаваат доживување кое тешко се заборава.
НОВО: Набљудување на ѕвезди со телескоп во Македонија | Kajak.mk
Доживејте набљудување на ѕвезди со професионален телескоп на локација по ваш избор во Македонија. Идеално за групи, тим билдинг и приватни настани под отворено небо.