10.04.2021

Вила на Маврово идеална за активен одмор: Достапна за резервации

Вила на Маврово идеална за активен одмор: Достапна за резервации

По дождот, доаѓа сонце, а со сонцето доаѓа и желбата да ги активираме нашите мускули. За вљубените во планината, Маврово е одличен избор за да побегнете од сите. Маврово е атрактивно 365 дена во годината, бидејќи таму има постојано што да правите.


Во базата на Кајак.мк е достапна вилата „Јана“, една од нашите омилени домови на Маврово. А знаете зошто? Затоа што сопствениците не се штедат да го понудат она со што располага вилата. Пред да ви ги преставиме студијата, би сакале да го истанеме најважното!


Дечки, вилата располага со сопствени велосипеди, кајаци и СУП даски кои може да ги користите еден час кајаците и суп даските, а два часа гратис велосипедите од вилата. Што треба повеќе? Со велосипед околу мавровското езеро или на кајак низ езерото.

Вилата се наоѓа на самиот брег на езерото и нуди прекрасен поглед од терасите. Секоја соба има сопствена бања, мини кујна за лесни оброци, сопствен влез и балкон со поглед од милион долари.


Сопствениците на вилата имаат намера да организираат тури со глисер до Црн Камен каде ќе се престојува на плажа, а каде гостите ќе имаат можност да скокаат од карпите. Доколку има заинтересираност во план им е да организираат посета на Леуновската брана и потопената црква. 

Ви звучи интересно сето ова? Сакате повеќе информации за вила Јана? Тогаш кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Marijana Krstevska

    25.07.2021 23:59

    Zdravo.. Dali moze info za cena za tri lica za vikend posle 20.8 i dali ima opcija za gotvenje Pozdrav

  • Кајак.мк

    11.04.2021 21:58

    Почитуван Еуген. Добивте повратен e-mail кој го имате оставено во профилот.

  • Eugen Muca

    11.04.2021 15:36

    Kolku cini edna vecer i dali ima moznost da si gotvime,blagodaram.

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!