03.01.2024

Вила во Горна Белица на 1420 метри надморска височина достапна за изнајмување

Вила во Горна Белица на 1420 метри надморска височина достапна за изнајмување

Тимот на Кајак.мк ја збогатува својата база со уште една прекрасна планинска викендичка којашто се наоѓа на 1420 метри надморка височина. Вилата можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ.


Вила која нуди прекрасен поглед кон Охридското езеро и која го нуди незаборавниот спокој кој дефинитивно ќе ви ги наполни батериите.

Селото Горна Белица се наоѓа на 12 километри северо-западно од градот Струга на планината Јабланица. До селоцето можете да стигнете со автомобил, велосипед или друго превозно средство, а најхрабрите може да стигнат до овде со пешачење од Вевчани.


Недопрената природа, прекрасните пејзажи, прекрасните погледи кон планините, свежиот воздух и изворска вода ви нудат вистинско уживање.

Во селото се наоѓаат повеќе објекти кои се достапни за изнајмување, а кои ќе ги додадеме на платформата во текот на ова сезона. Засега можете да испратите барање за изнајмување на ова прекрасна вила.

Повеќе информации, фотографии од сместувањето можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!