19.04.2022
Викендица на Смрдлива Вода: Шума за дишење
Викендица на Смрдлива Вода: Шума за дишење
Ако барате локалција каде би можеле да ги одвете вашите деца да дишат чист воздух, а вие да уживате со кафето во дворот слушајќи ги блиските водопади од река која поминува покрај самата вила, тогаш совет на Кајак е да ја посетите „Смрдлива вода“.

На ова излетничко место има изградено доста сместувачки објекти, кои гевгеличани и жителите на околните градови и села ги користат за бегство од градот.

Можеби дел од вас слушнале за „Смрдлива вода“ и јасно им е поради кои причина ова место го добило името, а за оние кои сега за првпат се запознаваат, треба да истакнеме дека Смрдлива Вода го добила името водата која извира и која има специфичен мирис, кој на многумина им создава непријатности. Но скоро секој кој ќе го посети местото пие од водата и полни шишиња за дома, бидејќи се претпоставува дека водата има своја лековита предлост.

Домаќинот Роман кој ни ги отвори своите врати за светот на Кајак.мк вели дека вилата е идеална за семејства кои сакаат да се одморат од градскиот метеж и да уживаат во природата. Вилата е опколена од сите страни со густа шума, а до самата вила има асфалтиран пат по кој се движат автомобили.
Доколку сакате
повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?