16.07.2021
Јавање коњи во Крушево: Помеѓу историјата и природата
Јавање коњи во Крушево: Помеѓу историјата и природата
Во пресрет на фестивалот „When in Krushevo“ тимот на Кајак.мк се реши да ви ги сервира на дланка сите информации поврзани со атракциите кои може да ги посетите и искусите во единствениот планински град во Македонија и највисокиот град на Балканот.
Денеска ве запознаваме со приказната на Димитар Велски кој со години наназад развива атракција со коњи во градот Крушево. Димитар е основач на коњаничкиот клуб „Мусица“ која атракција оние кои веќе ја пробале велат дека е доста привлечна поради пределите кои се посетуваат.

Коњичкиот клуб постои веќе две години, од адреналински тури
за јавање коњи во природа, до рекалсирани информативни тури преку кои туристите
ќе може да научат многу за градот и околината.
Неговиот клуб располага со 8 расни коњи, а ранчот се наоѓа на 50 метри од Крушевското езеро. За Димитар не е важно дали јавачите се почетници или професионалци, бидејќи како што вели, за оние кои допрва ќе се качат на коњ неговото друштво им одржува кратки неколкуминутни тури преку кои ќе научат како да јават коњ.

За приказната да биде успешна, тој вели дека е потребна
љубов. Ваквата љубов кон коњите му се појавува уште од самото детство, кога на
свои 10 години веќе има и сопствен коњ.
Со тек на време согледува дека туристите ги бараат ваквите атракции во Крушево и оттука добива идеја да формира свој клуб и да му понуди нешто ново на локалниот туризам.

За Димитар, Крушево е едно најубавите места за јавање коњи. Вели дека овој предел се разликува од останатите во Македонија, поради самиот факт дека го има Крушевското езеро и ја има недопрената природа. Крушевската корија која е стара повеќе од 500 години е уникатна и вреди да се прошета низ неа, а сето тоа се надополнува со историските локалитети како Мечкин камен, Македониум, манастирот Св. Преобрачение и доста други локалитети кои туристите ќе може да ги видат преку самите тури.

Впечатоците на туристите се она кое се најважно за Димитар. Позитивните импресии и восхитот кои го добиваат тие се нешто најдобро што може да му се случи на еден организатор. Доколку тие се организираат на професионално ниво, работите ќе се одвиваат како што треба, вели тој.

Крушево е сместен во еден од најубавите краеви во Македонија, во густа и длабока борова, дабова и букова шума, на надморска височина од 1.250 метри. Тој е највисокиот град на Балканот и како таков е вистинска воздушна бања. Денес, тој претставува спој на традиционално, историско славно минато и современа архитектура и култура.
Дали можеби сакате да ја резервирате ова атракција? Доколку ви се потребни повеќе информации, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Marty Martinovich
19.06.2025 17:24
do you offer trail rides/trekking. im very experienced rider. probably be in Krushevo on june 22.
-
Marty Martinovich
19.06.2025 17:24
do you offer trail rides/trekking. im very experienced rider. probably be in Krushevo on june 22.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!