06.07.2023
Хотел во село Зрновско, денешна Албанија е уникатна викенд дестинација
Хотел во село Зрновско, денешна Албанија е уникатна викенд дестинација
За сите авантуристи и љубители на активниот туризам и истражувањето на Преспанското езеро, тимот на Кајак.мк преку овој блог ќе ве запознае со уште едно уникатно сместување кое од денеска е дел од базата на приватни сместувања.

Станува збор за Хотел Ило којшто се наоѓа во соседна Албанија, поточно во село Зрновско. Изграден недалеку од брегот на Преспанското езеро, овој хотел е идеално сместување за љубителите на локалната гастрономија, за оние кои сакаат да ги истражуваат дивините на преспанскиот регион.

Селото се наоѓа
во Мала Преспа на околу 865 метри надморска височина, а во него отсекогаш живеело
македонско население.
Денеска, ова село
нуди разновидни локални специјалитети од зеленчукот и овошјето кои растат во
овој крај, но и разни специјалитети од риба која живее во преспанските води.
Хотелот Ило нуди
прекрасен поглед кон езерото, а од самите сместувачки простории се гледа островот
Голем Град. Самиот хотел има свој ресторан во кој можете да ги вкусите сите
локални специјалитети.
Повеќе
информации, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден клик
ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!