10.05.2021

Сакаме гостите да ја доживеат Неа Каликратија како втор дом

Сакаме гостите да ја доживеат Неа Каликратија како втор дом

По една цела година и 3 месеци, може да потврдиме дека од 14-ти мај Грција ги отвара границите за македонските туристи. Според она што досега го знаеме влезот во Грција ќе биде со ПЦР тест или сертификат дека туристот е вакциниран.


Тимот на Кајак.мк е среќен што отпочнува со проширување на базата на приватни сместувања лоцирани во Грција, Црна Гора, Албанија и Србија. Сметаме дека време е туризмот повторно да ги рашири крилата.

Прва дестинација која ја додаваме во нашата база е Неа Каликратија. Овде се запознавме со домаќинката Исидора, која како што ни раскажува, ова дестинација е рај за секого.


Нејзините апартмани „Дора“ според фотографиите кои ги погледнавме, се повеќе од едно обично сместување. Таа вели дека туристите овде создаваат приказни, а многу од гостите веќе ги чувствуваат како дел од семејството поради довербата која ја имаат изградено на релација домаќини-гости.

Неа Каликратија се наоѓа на полуостровот Халкидики, односно на околу 35 минути од Солун. Има долга песочна плажа, многубројни ресторани, таверни, кафулиња, забавни паркови за деца.


Вие кои ќе се одлучите да престојувате во апартманите „Дора“, тимот на Кајак.мк ве советува да ја посетите плажата “Сахара“ која се  наоѓа на 3-4 километри од Неа Клаикратија или пак да посетите дел од дивите околни плажи.


Без разлика дали летувате во Македонија или надвор од неа, наш совет е да ги понесете со вас вашите велосипеди доколку можностите ви го дозволуваат тоа. Самиот долг брег и околината на Неа Каликратија нудат одлични услови за утрински велосипедизам или џогирање по крајбрежјето.

Исидора е среќна што македонските туристи ќе имаат можност да го посетат морето. Таа вели дека секој турист што ќе престојува во вила Дора ќе се почувствува како дома. Во дворчето на компексот паѓаат многу дружби и се „склучуваат“ многу нови пријателства.

 

Честопати се случувало гостите да сакаат да ги истакнат своите кулинарски способности и да подготват специјалитети кои ќе ги импресионираат останатите.

Кога сме пак кај гастрономијата, не заборавајте да ги поминете вечерните часови во локалните таверни. Неа Каликратија се наоѓа на западниот брег на полуостровот што ви нуди феноменално зајдисонце. Со чашка узо, морски специјалитети и чист морски воздух.


Дора е идеално прибежиште за секој турист. Апартманите се наоѓаат во мирна област и недалеку од брегот. Дворот на сместувањето е идеален за безбедност на децата. Доколку сакате повеќе информаци, цени и фотографии од сместувањето кликнете ОВДЕ. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!