15.02.2022

Сместување во срцето на Крушево кое нуди прекрасен поглед

Сместување во срцето на Крушево кое нуди прекрасен поглед

Замислете дека се будите со кафе или чај во рака и имате прекрасен поглед кон стариот централен дел на Крушево. Надвор е бело, луѓето итаат кон ски-центарот и целиот град го дише зимскиот активен туризам.


Такво чувство можете да доживеете во „Вила Ла Мунте“ која од денеска е ново сместување во базата на Кајак.мк.


Вилата се наоѓа во строгиот центар на Крушево, на самата пешачака зона, во близина на сите градски ресторани и кафулиња, а наш совет е доколку престојувате во вила Ла Мунте задолжително да го посетите етно ресторанот „Крушевска Одаја“ кое покрај тоа што не е во близина на сместувањето, ќе ви понуди едно врвно гастрономско искуство. „Крушевска одаја“ наскоро ќе биде дел од нашата база „Гастрономија“ каде ќе може да дознаете повеќе информаци и извршите резервација.


Вилата „Ла Мунте“ располага со 7 соби, дел од нив се двокреветни, а дел од нив имаат брачен кревет со уште еден дополнителен единечен кревет.

Вилата е идеална за престој за оние коишто сакаат да бидат сместени во центарот на Крушево, а центарот на градот е приказна сама за себе. Без разлика што се наоѓа во строгиот центар на градот „Вила Ла Мунте“ има тивок двор од 60 метри квадратни и уникатен поглед кон градската главна црква Св. Никола.


Во околината на сместувањето се наоѓа и црквата и галерија Св. Јован која е влашка црква, има доста многу занаетчиски дуќани, ресторани и кафулиња.

Доколку сакате да погледнете повеќе информации од сместувањето, контакт и фотографии, тогаш кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!