15.02.2023

Пролетна викенд гастро дестинација: Манастирскиот ресторан Лешок

Пролетна викенд гастро дестинација: Манастирскиот ресторан Лешок

Верувале или не, за 15 дена завршува месец февруари и започнува месец март. За март велиме дека е преминот од зимата во пролетта. Многумина од вас со сигурност го очекуваат месец април кога надвор има зеленила на дрвцата и кога секој добива се поголема желба за да излезе од дома и да прошета во природа. За таквите патувачи кои копнеат по пролетта, тимот на Кајак.мк ќе ви сподели неколку предлог викенд дестинации, како залужуваат да ги посетите. Со ваквите викенд патувања вие ќе им дадете поголема поддршка на локалната економија и секако ќе го живнете локалниот туризам.

Денеска ве водиме во тетовскиот регион каде се наоѓа ресторанот на православниот манастирски комплекс Лешок. Од денеска, ресторанот е наша нова гастро дестинација која можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ.


Манастирскиот комплекс преставува еден од најголемите духовни центри во Тетовско, а самиот природен амбиен кој го опкружува комплексот е одлична локалција за рекреативен туризам.
Манастирот е сместен селото Лешок, на надморска височина од 610 метри. Во комплексот се наоѓаат црквите „Св. Атанасиј“ и „Св. Богородица“, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ кој е еден од најпознатите македонски преродбеници од XIX век.


Во манастирските конаци има параклис посветен на светите Кирил и Методиј, додека надвор од манастирскиот комплекс има стара црква посветена на Атанасиј Александриски т.н. Стар манастир. Манастирот за првпат е основан во 1321 година од страна на епископот полошки Антониј. Комплетното заживување се должи на доаѓањето на Пејчиновиќ од Света Гора, во 1818 година, кога се обновени манастирските конаци и кога е основана манастирската библиотека. Во тоа време Лешок прераснал во книжевен и просветен центар. Манастирските конаци денес се реновирани, располагаат со сместувачки капацитети и особено се погодни за летен манастирски туризам.


Во самиот круг на манастирскиот комплекс се наоѓа и ресторанот Лешок. Рестроанот работи во текот на цела година, што не се исклучува можноста за посета и преку зима.

За оние кои ќе се одлучат да го посетат комплексот, тимот на Кајак.мк ве советува да вкусите дел од специјалитетите и традиционални јадења кои се подготвуваат овде. Такви се познатиот тетовски грав кој овде се служи како „Тавче гравче“, салати и специјалитети од месо.

Доколку сакате да погледнете повеќе фотографии, да дознаете за локацијата и да извршите резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.