Манастириски ресторан Лешок

Каде во Тетово? Разговарај на Viber Јави се на телефон

За оние кои ќе се одлучат да го посетат комплексот, тимот на Кајак.мк ве советува да вкусите дел од специјалитетите и традиционални јадења кои се подготвуваат овде.

Во самиот круг на манастирскиот комплекс се наоѓа и ресторанот Лешок. Рестроанот работи во текот на цела година, што не се исклучува можноста за посета и преку зима.

За оние кои ќе се одлучат да го посетат комплексот, тимот на Кајак.мк ве советува да вкусите дел од специјалитетите и традиционални јадења кои се подготвуваат овде. Такви се познатиот тетовски грав кој овде се служи како „Тавче гравче“, салати и специјалитети од месо.

Во манастирските конаци има параклис посветен на светите Кирил и Методиј, додека надвор од манастирскиот комплекс има стара црква посветена на Атанасиј Александриски т.н. Стар манастир. Манастирот за првпат е основан во 1321 година од страна на епископот полошки Антониј. Комплетното заживување се должи на доаѓањето на Пејчиновиќ од Света Гора, во 1818 година, кога се обновени манастирските конаци и кога е основана манастирската библиотека. Во тоа време Лешок прераснал во книжевен и просветен центар. Манастирските конаци денес се реновирани, располагаат со сместувачки капацитети и особено се погодни за летен манастирски туризам.

Информации и резервации на: 044 382 666; 070 733 829

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар