03.11.2022
Јавање коњи во дивините на Македонија
Јавање коњи во дивините на Македонија
Ако некогаш сте помислиле дека сте искусиле сѐ, сетете сѐ
дека треба да пребарате на платформата на Кајак.мк за нови предлог атракции кои
можеби ќе ја променат вашата перцепција за тоа како ја доживувате Македонија.
На Кајак.мк можете да запознаете секакви луѓе, млади, повозрасни, весели, палави, авантуристи, професионалци, смирени луѓе кои ја бараат тишината или пак луѓе кои ја креваат прашината. Сите луѓе кои секојдневно ги апсорбираме на платформата живеат со истата цел и визија, а тоа е Македонија да прерасне во туристичка приказна каде активниот туризам и поддршката на локалното население од страна на туристите ќе биде на прво место.

Ние сме луѓе кои постојано сме во потрага по локалците кои за нас прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот. Таквите луѓе нам ни даваат надеж дека Македонија ќе биде тоа што заслужува.

Денеска, сакаме да ве запознаеме со Дурсим Рушани од село Бозовце,
кој за нас е уште еден од луѓето кои праваат мали нешта од огромно значење во
развојот на туризмот.
Дурсим е водич и организатор на коњичкиот клуб „Бозовца“ кој веќе подолго време организира тури низ дивината на Шара, а преку кои тури можете да ги погледнете сите природни убавини на големата планина, како и да вкусите традиционална локална храна.

Дурсим вели дека клубот располага до 15 до 20 коњи. Во сезоната
се организират три тури низ Шара, кои некои се пократки, а некои се подолги
тури.
Една од дестинациите кои се посетуваат за време на турите со коњи е Лешница или како што многумина ја нарекуваат, оазата или срцето на Шар планина. Оваа дестинација до пред пандемијата беше позната за малкумина, но денеска може да се сретне поголем број на активни туристи кои ја посетуваат. Сместена е длабоково пазувите на планинскиот масив и е преполна со бујни ичисти планински реки, бучни водопади, стрмни падини и густа шума.


Оние кои ќе се
одлучат да ја посетат Лешница ќе може ги фотографираат Кривошијскиот водопад,
како и прочуените Кривошијски кади за кои сме пишувале на Кајак.мк
Ваквите тури може
да ви бидат од огомно едукативно значење, затоа доколку сакате повеќе
информации и контакт за резервација на некоја од турите, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!
И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе
Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.
Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?
Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.