29.05.2023
Прекрасен тим билдинг во природа: Планина, село, здрава локална храна, приказни
Прекрасен тим билдинг во природа: Планина, село, здрава локална храна, приказни
Тимот на Кајак.мк испиша уште една прекрасна тим-билдинг
приказна заедно со компанијата Synami чии вработени имаа можност да уживаат во
нашата организација која им приреди едно поинакво искуство низ Македонија.
Со посета на селска рурална средина, запознавање локални мештани, нови приказни, планински прошетки, забавни тимски игри и уште многу активности за кои не би сакале да откриваме повеќе детали.

Компанијата Synami преку еднодневниот тим билдинг на своите вработени
им овозможи да ја уживаат природата. Да ја посетат Пониква, да го истражуваат ски
центарот и секако да бидат активни преку реализирањето на нашите забавни игри.
Ние се радуваме што имавме можност да запознаеме млади и активни луѓе кои ја имаа енергијата во текот на целиот ден, а драго ни е што има сѐ повеќе луѓе кои ја уживаат планината и нејзините благодети.

Synami е уште една компанија која преку својот тим-билдинг
донираше нови 200 дрвца за пошумување, а која акција ќе ја организираме за
време на есенската сеидба.
Повеќе фотографии од настанот можете да погледнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари – нова туристичка атракција од светски размери
Туристички вести од светот: Мексико отвора тематски парк вреден 1,5 милијарди долари. Откријте го BON, новиот забавен комплекс со седум тематски светови и над 20 атракции.
Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство – уште една причина да го посетите градот на авантурите
Крушево доби две нови полетувалишта за параглајдерство на Црн Врв. Откријте ги авантуристичките активности, природата и атракциите на Крушево.
Нови туристички атракции во Македонија: Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Кајак.мк има нови изненадувања за вас!
Нови туристички атракции во Македонија! Мислите дека сте ја откриле цела Македонија? Откријте нови атракции, активности и сместувања на Кајак.мк.
Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК
Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!