Лиде: Локален водич на француски, англиски и шпански во Македонија

Local guides in Macedonia Цена од:

3,690.00 ден

Резервирајте локален лиценциран водич во Битола, Охрид, Скопје или Кратово. Тури со локален водич низ повеќе градови. За да добиете понуда од водичот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира турата и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Минимална цена: 60 € (за едно до две лица).
  • За повеќе од две лица: дополнителни 10 € по лице.
  • Групите се неограничени по број на лица.
  • Турата трае 2-3 часа (пешачка тура во Скопје, Охрид, Кратово и други градови).

Не е вклучено во цена:

  • Транспот до стартната локација

Име: Лиде

Искуство:
Имам 13 години искуство како туристички водич.

Јазици:
Водам тури на:

  • Француски
  • Англиски
  • Шпански

Региони каде што водам тури:
Водам тури низ сите региони на Македонија, а најчесто во:

  • Скопје
  • Кратово
  • Охрид
  • Битола

Омилена тура:
Мојата омилена тура е динамичното и разнобојно Скопје – град што спојува историја и модернизам. Почнуваме од тврдината Кале, симбол на минатото, а потоа се движиме низ живописната Стара чаршија. Продолжуваме со Плоштад Македонија, каде што спомениците и архитектурата раскажуваат приказна за македонскиот идентитет. Посетуваме Меморијалната куќа на Мајка Тереза, каде што туристите се запознаваат со нејзиниот живот и дело. Турата ја завршуваме кај Старата железничка станица, каде што часовникот, застанат во 5:17, сведочи за катастрофалниот земјотрес од 1963 година.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар