НОВО

Едукативни работилници за деца – Правопис и јазични вештини

Local services from people Цена од:

600.00 ден

Едукативни работилници за деца од 3 до 11 години – учење на јазик, граматика и графомоторика низ игра и забава. Прилагодливо за градинки, училишта, родендени и корпоративни настани.


Вклучено во цена:

  • Ценовниот опсег е 300-600 денари по работилница, зависно од возраст, локација и тематика
  • За братче или сестричка постои опција за попуст на второ дете
  • Испратете ни барање за соодветна работилница за да добиете комплетна понуда

Кајак Агенција споделува фотографии од малолетни лица само доколку се објавени на официјални страници на соодветните сервиси. Во никој случај, кајак.мк нема да сподели фотографии кои ни се испратени приватно, а за кои немаме и не можеме да добиеме согласност од родителите или старателите.


Кристина организира интерактивни едукативни работилници кои имаат за цел полесно совладување на јазикот, развој на комуникациски и јазични вештини, како и подобрување на графомоториката и фината моторика кај децата. Сето тоа се реализира низ игра и забава, со што децата учат додека се забавуваат.

Типови на работилници:

  1. 3-5 години – насочени кон учење на буквите, графомоторика и основи на пишување преку игри и активности.
  2. 6-8 години – фокус на совладување на јазични правила, техники за читање и разбирање на текст, изразување и јазични вештини.
  3. 9-11 години – изучување на покомплексни граматички и правописни правила, со активности кои поттикнуваат самостојно размислување.

Локации и формати:
Работилниците се одржуваат во игротеки, едукативни центри, градинки, училишта и библиотеки. Постојат и опции за организирање на работилници во склоп на родендени, корпоративни настани или други пригоди, со прилагодливи активности според потребите на клиентот.

Траење и методологија:

  • Работилниците траат 60-90 минути.
  • Пристапот е интерактивен и забавен, со цел децата да се ослободат од стегите на редовниот образовен систем, да размислуваат самостојно и активно да учествуваат.
  • Програмата и материјалите се оригинално изработени од Кристина за секоја возраст и тема.

Остави Коментар