Игри за Родители и Деца – Руска Школа на Игри во Македонија
1,500.00 ден
Откријте длабок психолошки метод за заеднички развој на деца и родители преку структуирани и интуитивни игри. Поттикнува самодоверба, присутност и вистинска поврзаност.
Вклучено во цена:
- Цената е 1500 денари за целото семејство
Кајак Агенција споделува фотографии од малолетни лица кои се објавени на официјални страници на секој сервис. Кајак.мк во никој случај нема да сподели фотографии кои би ни биле испратени во приватна порака, а за кои претходно немаме и не можеме да добиеме согласност од родителите или старателите.
Методата „Руска Школа на Игри“ е длабоко психолошки пристап кој преку структуирани, но интуитивни игри работи на развој на присутност, свесност и поврзаност – со себе и со другите. Главната цел е не само забава, туку враќање на природната состојба на човекот: слобода на израз, автентичност и жива енергија. Игриот отвора простор за емоционално ослободување, градење доверба и излегување од автоматските улоги во кои често несвесно влегуваме.
Возраст и учество
Програмата е наменета за деца од околу 3 години па нагоре и е адаптирана и за деца со попречености во развојот. Учество е заедничко – деца и родители заедно. Ова е простор каде и возрасните активно учествуваат, играат и работат на себе, создавајќи подлабока врска со своето дете.
Како изгледа една сесија
- Траење: 2 часа, со мали паузи
-
Вклучува:
- Динамични и структурирани игри
- Вежби за присутност и фокус
- Активности за доверба и тимска поврзаност
- Моменти на движење, смеа и ослободување на енергија
Сесиите се водени, но оставаат простор за спонтаност, искрен израз и вистинска интеракција меѓу учесниците.
Придобивки
- За децата: поголема самодоверба, слободен израз, подобра концентрација, развој на социјални вештини и тимска соработка.
- За родителите: ослободување од стрес, враќање на чувството за игра и радост, подлабоко разбирање на детето.
- Заеднички: подобра комуникација, градење доверба, вистинска поврзаност и учење како да ги распознаат потребите на детето.
Локации
Работилниците се одржуваат во Скопје и низ Македонија, во сали или повремено на отворено/во природа. Поради ограничен број на сесии (1-2 месечно), нема фиксен простор.