НОВО

Центар за кариерен развој и работилници за поддршка

Ценатар за индивидуално кариерно советување, вербаториа тестирање и психометриски анализи за деца и возрасни, со цел откривање таленти, интереси и најсоодветни кариерни патеки.



Центарот за кариерен развој нуди професионални услуги за индивидуално и групно кариерно усмерување, со цел да им помогне на децата и возрасните да ги откријат своите таленти, интереси и потенцијали.

Услуги:

  • Индивидуално кариерно советување (1:1)
    Консултации во живо или онлајн, реализирани од сертифициран кариерен советник, со примена на меѓународно признати алатки и техники.
  • Вербаториа тестирање за идентификација на таленти
    Насочено кон деца и возрасни, тестирањето вклучува детален извештај и сесија за интерпретација, со насоки за следни чекори и кариерни опции.
  • Комбинирани психометриски тестови
    Базирани на докажани методологии, тестовите опфаќаат:
    • Мајерс-Бригс теоријата за 16 типови на личности (MBTI)
    • Холандовата теорија за 6 типови личности според интереси (Holland Codes)
    • Теоријата на повеќекратни интелигенции на Гарднер (Multiple Intelligences)

Придобивки за клиентите:

  • Детален извештај од над 30 страници
  • Сеопфатна анализа на интереси, вредности, мотиватори и вештини
  • Прецизно дефинирани најсоодветни кариерни патеки

Центарот обезбедува стручна поддршка во изборот на образование и професионална насока, со индивидуален пристап кој овозможува јасни и практични резултати.

Остави Коментар