Тераса Утарна: Горно Коњско

Каде во Охрид Разговарај на Viber Јави се на телефон

Тераса Утарна: Гастрономска дестинација која повикува на активен туризам Контакт: 076 621 843

Тимот на Кајак.мк им посакува топло добредојде на домаќините на „Тераса Утарна“ која од денеска е официјално дел од нашата нова база „Гастрономија“. Среќи сме Ирена и Благоја кои за нас се локални херои ги отворија вратите за светот на Кајак.мк.

Тераса Утарна се наоѓа на уникатна местоположба и нуди незаборавен поглед кон Охридското Езеро. За љубителите на планината и домашната вкусна храна, ова гастрномска дестинација ќе биде вистинскиот залак за нив.

Домаќинката Ирена во кратки црти ни ја раскажа приказната за Утарна.

Се започнало пред 7 години кога нејзиниот сопруг Благоја кој бил во постојана комуникација со туристите дошол до идеја дека во селото Горно Коњско (каде што се наоѓа терасата) треба да отворат сопствен ресторан во кој ќе се служи домашна традиционална храна.

Ирена се сеќава дека започнале со само пет мали дрвени масички, кои со тек на време прераснале во 10, а сега ги бројат 20. Причината поради која нивната приказна испишува успешни страници е храната и погледот.

Кога сме кај храната Ирена вели дека гостите најмногу бараат храна која е од домашно производство. Како најбарани специјалитети ги издвојува ајварот, питата и домашните колбаси.

Храна во „Тераса Утерна„ соовршено се комбинира со прекрасниот поглед кон езерото. Ирена вели дека многу од гостите доаѓаат пеш до објектот, а дел ги посетуваат со автомобили.

За оние кои ќе се одлучат за пешачење, треба да знаат дека селото Горно Коњско каде што се наоѓа објектот е на 3 километри од главниот пат покрај езерото, а е на 1100 метри надморска височина. Автобус не се искачува до крајната дестинација, а може да се посети со мини комбе.

На почетокот на нашето четиво споменавме дека терасата е одличен залак на љубителите на природата и планината. Тука треба да ги споменеме убавините на Галичица и нејзината природа и ширините кои ќе ги фотографирате при пешачењето до локалот.

Честопати терасата знае да биде пола со групи туристи кои пристигнуваат со комбе, затоа совет на Кајак е секогаш да ги контактирате домаќините кои се на Кајак.мк пред да го посетите објектот.

Контакт: 076 621 843

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар