Винска куќа: Струга

Каде во Струга? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Старата автентична винска куќа во Струга има задача да го промовира македонското вино од малите семејни винарии.

Старата автентична винска куќа во Струга има задача да го промовира македонското вино од малите семејни винарии. Цветко вели дека како љубител и производител на добро вино одлучил да создаде место каде вљубениците на виното ќе може да уживаат во амбиент кој е во склад со виното. Па од тие причини тој започнува соработка со повеќе мали семејни винарии, а покрај останатите нуди и сопствено домашно вино произведено под на струшкото поднебје.

Овде можете да најдете широка палета на вина и ракии, алкохолни и безалкохолни пијалоци, разно висококвалитно сирење и кашкавал од италијански производители, како и гурмански пршути и салами.

Работното време на винската куќа во Струга е секој ден од 14:00 до 24:00 часот.


ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар