Ресторан Аминта: Зрновци

Каде во Кочани? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Ако некој некогаш ве праша како изгледат боите на Македонија изразени преку храната, ваше е да им ги покажете овие фотографии кои ви ги споделуваме во контекст на ресторанот Аминта.

Ако некој некогаш ве праша како изгледат боите на Македонија изразени преку храната, ваше е да им ги покажете овие фотографии кои ви ги споделуваме во контекст на ресторанот Аминта.

За оние кои досега немаат слушнато за село Зрновци, тимот на Кајак.мк ги советува да го додадат ова прекрасно мало селце на листата на задолжителни гастро дестинации. Особено за вистинските гурмани, кои ресторанот Аминта ќе го почувствуваат како свој гастрономски рај.

Селото Зрновци се наоѓа во подножјето на планината Плачковца која му овозможува чиста вода и реки во текот на цела година. Оддалечено е 8 километри од Кочани или 104 километри од Скопје.

Самиот регион е идеален за активен туризам бидејќи имате доста знаменитости кои може да ги посетите пред да појдете во самиот ресторан.

Кајак.мк предлага да ја реализирате следната индивидуална програма, како би уживале во чистиот воздух и ќе ги наполните батериите за работната недела:

Започнете го денот со посета на селото Мородвис кое селце се наоѓа во подножјете на планината Плачковца на 2 километри од Зрновци каде што се наоѓа Црквиште- Моробиздон, кој е комплекс од доцноантички и средновековни локалитети. Селото има околу 300 жители, што значи дека ќе можете да запознаете некој локален мештанин кој ќе ви ја раскаже историјата за самото село.

Фотографијата која ја гледате е фотографија направена во селото Мородвис:

Потоа како следна попатна станица ви ја препорачуваме црквата Св. Димитрија која се наоѓа во самото село, на горниот стар дел од Зрновци и која е изградена во 18-ти век, а била неколку пати обновувана.

За оние кои сакаат повеќе истражувања, овде е и Виничкото Кале на 8 километри од Зрновци, а до каде имате асфалтиран локален пат, а денот нека ви се комплетира во ресторанот Аминта во Зрновци.

Сместен покрај самата река Зрновска, овој ресторан нуди одлични специјалитети приготвени на стара на жар и фурна на дрва.

Контакт за резервација: +38976285025

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар