Рибен ресторан Фрателис Визиана: Село Клечовце

Каде во Куманово? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Рибен Ресторан во село Клечовце. Како рибен ресторан, најпознати специјалитети овде се цементиран сом и крап, како и белата пастрмка приготвена на скара.

Денеска ве водиме во селото Клечовце, кое селце се наоѓа во околината на Младо Нагоричане или на околу половина час возење од Куманово. Во регионот на Клечовце ќе најдете многу атракции кои може да го исполнат вашиот ден, овде се наоѓа коњичкиот клуб „Виспер“, како и селското домаќинство Невена. Во нашата база на приватни сместувања ќе најдете и сместувања во овој регион кои дел од нив имаат приватни базени, а дел опкружени со зеленило и шума.

Овде се наоѓа и рибниот ресторан Фрателис Визиана кој е сместен во близина на изворот Визиана, во прекрасен амбиент изграден како ранч со прекрасно хортикултурно уредување. За луѓето кои сакаат пролетни времиња и зеленила, ова дестинација ќе им се виде како вистински рај на земјата.

Како рибен ресторан, најпознати специјалитети овде се цементиран сом и крап, како и белата пастрмка приготвена на скара.

Контакт за резервација: 075/420-525 

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар