НОВО

Стара Куќа - традиционален ресторан во Скопје за уникатно гастрономско доживување

Каде во Скопје Разговарај на Viber Јави се на телефон

Стара Куќа е еден од најпознатите традиционални ресторани во Скопје и уникатно гастрономско доживување за сите што сакаат да ја вкусат македонската кујна во автентичен амбиент. Контакт: +38971263181 https://starakuka.mk/

Сместен во срцето на главниот град, овој ресторан е лоциран во заштитена градска куќа од 1836 година, која претставува споменик на културата и сведоштво за традицијата на македонскиот урбан живот.

Интериерот на Стара Куќа ја задржува архитектурата на старата скопска градска куќа, со дрвени тавани, камени ѕидови и внимателно одбрани етно детали кои го раскажуваат духот на едно минато време. Во летните месеци, гостите можат да уживаат во дворот опкружен со зеленила, тишина и автентична атмосфера. Често, доживувањето е збогатено со жива традиционална музика, што го прави просторот уште поблиску до македонската култура и обичаи.

Менито се базира на јадења подготвени по домашни рецепти. Во понудата се вклучени македонски специјалитети како што се тавче гравче, полнети пиперки, ќебапи, печено месо, скара, свежи салати, домашни пити и традиционални десерти. Сите јадења се приготвуваат со свежи состојки, а дел од нив се печат во ротациона печка на дрва, што им дава посебен вкус и арома.

Стара Куќа е ресторан кој нуди повеќе од оброк – тој нуди приказна.

Приказна за минатото на Скопје, за семејната трпеза, за вкусовите што не се забораваат.

Идеален е за домашни гости и странски туристи, за деловни ручеци или семејни прослави, за сите кои сакаат да ја запознаат Македонија преку нејзината кујна и традиција.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар