Ресторан Пронто Контакт на број: 078 367 808
Денеска ќе ве
запознаеме со домаќинот Димитар кој успешно менаџира со „Пронто“, ресторан во село
Вруток.
Ако досега не сте
го посетиле изворот на реката Вардар, еве уште една причина која ќе ве натера да
појдете до селото и да уживате во неговата природа и во уредниот извор на
Вардар. Она што треба да го знаете е фактот дека Вардар овде не е гнасен како
што е низ цела Македонија!
Пронто започал да
функционира како пицерија од 2013-та година. Димитар вели дека имал огромно
искуство во подготовката на пица, кој занает започнал да го пече од свои 14
години. Со тек на време, Димитар се усовршувал и во други специјалитети, за
денеска да може да им понуди на гостите огромен избор на храна.
Тој вели дека „Пронто“ нуди необичен свет на вкусови и врвен квалитет на месо и риба кои се подготвуваат во фурна на дрва и скара на жар. Како специјалитети ги истакнува и вкусните пити, а не ги изоставува ниту пиците за кои е особено горд.
Пронто е лоциран
на тивко место, недалеку од градот Гостивар, во прекрасен амбиент. Ресторанот е
фамилијарен бизнис на чело со младиот газда Димитар Димоски.
За повеќе информации и особено за резервации може да нè контактирате на контакт број: 078 367 808
ЛОКАЦИЈА