Ресторан Амбиент: Село Пишица

Каде во Пробиштип? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Контакт за резервации: 076 358 888 или 071 259 099

За многумина од вас се уште е непознато селото Пишица, па оттука тимот на Кајак.мк ќе се потруди да Ви ја долови главната причина поради која треба да го посетите ова село.

Пишица се наоѓа во Злетовско-пробиштипскиот регион или во крајниот јужен дел на градот Пробиштип. Пишица е македонско-влашко село, сместено источно од падините на планината Манговица, и се наоѓа на надморска височина од 320 метри.

Денеска во Пишица може да се посети новата гастрономска дестинација „Амбиент“ која е отворена на 21-ви декември минатата година, а која од денеска е дел од нашата база на „Гастромонија“.

Угостителскиот објект има прекрасни езерца низ кое можете да се забележи богат животински свет. Она кое можеби го прави уникатно ова место е фактот дека гостите може да го набљудуваат процесот на подготовка на нивната храна од маса.

Ресторанот е познат по свежата риба, пространиот двор со зеленило низ кој дефелираат пауни и три езерца во кој домуваат лебеди и разни водни птици.

Доколку одлучите да го посетите ресторанот, не заборавајте да вкусите локален специјалитет под сач и пастмајка од фурна на дрва.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар

Коментари

  • Sandra

    11.08.2023 21:32

    Usluga katastrofa! Cekavme za meni pola saat i odkako go dobivme bevme prasani da staneme od masata radi nekoj drugi gosti sto dojdoa. Masata ne bese rezervirana a resoranot prazen. Sramota so takvo ponasanje i nikakva usluga!