Комплекс Алка: Долно Соње

Каде во Скопје Разговарај на Viber Јави се на телефон

Комплексот нуди уживање за целото семејство. Затоа што, содржи два одвоени дела, еден за родителите и еден за децата. Родителите може да се релаксираат додека нивните деца ги чува и анимира посебено задолжен персонал.

Комплексот АЛКА се наоѓа на само 12 километри од центарот на Скопје, под падините на Водно, во мирното и чисто Сопиште. Се простира на 2.700 метри квадратни и нуди многу содржини базен со морска вода, детски базен со игротека, вип бар, ресторан, коктел бар и бар на базен.

Комплексот нуди уживање за целото семејство. Затоа што, содржи два одвоени дела, еден за родителите и еден за децата. Родителите може да се релаксираат додека нивните деца ги чува и анимира посебено задолжен персонал.

Во иднина, планирано е за посетителите на комплексот да има организиран превоз, доколку не се во можност да дојдат со сопствено возило.

Како да стигнете до комплексот? Од последната автобуска станица 24 се движите кон општина Сопиште. На крстосницата, пред самата општина, скршнувате десно кон Горно Соње. Откако ќе го поминете Горно Соње доаѓате до Долно Соње, односно до Мост Маркет. Откако ќе поминете по мостот, од десна страна ќе ја забележите улица 8 кон с. Чифлик. По свртувањето, возете уште 2 километри до Комплекс Алка.

На главната врата Ве очекуваат македонско, холандско и знамето на Европска Унија. На триесетина метри погоре, од лева страна, е влезот за паркингот.

Контакт за информации и резервации: 078 212 262 

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар