За оние коишто се љубители на традиционалната храна, тимот на Кајак.мк сака да ги запознае со уште еден уникатен ресторан со седиште во градот Прилеп.
Прекрасниот ресторан Кермес датира повеќе од 20 години. Се наоѓа на улица
Самоилова во близина на спомен паркот „Могила“. Со внатрешен прекрасен традиционален
амбиент овој ресторан го препорачуваме на оние кои се љубители на традиционални
специјалитети.
Поради неговата
популарност се случува во ресторанот да нема слободен капацитет, затоа ви
препорачуваме да резервирате доколку сакате да ги уживате вкусовите на кујната.
Во ресторанот можете да најдете разни специјалитети од месо, салати, а можете да нарачае и вкусна риба.
Контакт за резервација: 048410192 или 072 601 601
ЛОКАЦИЈА