Шахин Фазлија: Бозовце

Каде во Тетово? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Контакт телефон 071 551 079

Шахин Фазлија, е новата гастрономска понуда која може да ја најдете на врвовите на Шара. Секоја недела во селото Бозовце се приготвува традиционална храна која е во изобилство на флија со сирење (локална рендана пита под сач), урда со пиперки и кисело млеко. Сето ова се служи на нова дрвена платформа која нуди прекрасен поглед.

Ваквата гастро дестинација е идеална за патувачите љубители на активниот туризам кои ги посетуваат водопадите на Лешница или околните планински дестинации.

За оние кои досега не слушнале за село Бозовце, треба да знаат дека на 2 километра од селото се наоѓаат познатите Шарпланински езера Голем, Мал и Црн Ѓол кои се одлична викенд дестинација. До селото се пристигнува по патот кој води до ски центарот Попова Шапка, со скршнување во десно кон селата Шипковица и Вешала. Бозовце е последното село од низата, а природата која го опколува ќе го оправда вашиот пат.


Контакт телефон +389 71551079

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар