Галичко овчо сирење

Каде во Маврово Разговарај на Viber Јави се на телефон

Галичко овчо сирење Контакт: 075/254-547 и 078/362-618 [email protected]

Се уште имаме уште многу од летната сезона која ни овозможува да го посетиме Галичник. Зимите таму му пркосат на туризмот и го оставаат селото да здивне од туристите.

Галичник е приказна сама по себе. Галичник е природа, историја и активен туризам во едно. Но она што нам ни преставува од огромно значење е храната која се произведува на галичкото поднебје.

Ние денеска ќе ви ја споделиме приказната на Бошко Лепчески, човекот кој произведува  галичко овчо сирење, а кое може да го дегустирате сирењето во неговиот зелен двор на галичката куќа.

Бошко вели дека Галичник е светски познат по преубавото овчо сирење и кашкавал со уникатен вкус. За него и неговото семејство клучен фактор да се занимават со производство на сирење и кашкавал била љубовта кон родниот крај.

Неговите корени потекнуваат од Галичник, а возобновувањето на оваа традиција на неговите предци ја започнавме пред околу 20- тина години, што може да се каже дека работата го вратила да живее повторно во овој крај.

Нивните овци се чуваат на планината Бистра во повеќе трла. Имаат задолжено овчар кој води постојана грижа за овците преку цела година, така што целокупниот амбиент кој доведува до крајниот производ е автентичен во сите фази, поаѓајќи од пасиштата, до крајните процеси како молзењето на овците, па се до производството на сирењето и неговото соодветно презервирање.

Лепчески додава дека одгледувањето овци воопшто не е лесна работа, со оглед на двата периоди од годината, како– летен, кога овците се водат по пасиштата за да ја обезбедат потребната храна со цел да дадат доволно млеко при молзењето, и зимскиот период, кога овците се транспортираат до потопли места за да презимат, од прична што Галичник во зимскиот период не е достапен за возила.

Процесот на преработка на млекото резултира со квалитетно овчо сирење. Покрај популарното сирење, овде се вбројуваат и други млечни производи како урда, кашкавал и слично.

Бошко вели дека поддршката им ја дават луѓето кои го купуваат нивниот продукт. Оние кои се љубители на сирењето знаат да проценат квалитет, односно единственоста на неговиот вкус во форма на онаа специфична нота која остава автентичен белег, вели Бошко.

075/254-547 и 078/362-618 [email protected]

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар

Коментари

  • Lidija Taskovska

    18.10.2022 05:39

    Zdravo, Bi sakala da naracam ovcko sirenje, dali vrsite dostava do Bitola? Vi blagodaram Lidija