Скара на 1600 метри надморска височина
Кога ќе се соединат
храната, планината и авантурата се добива една уникатна смеса, која за некои
луѓе е вистинскиот рецепт за успешна бизнис приказна. Користејќи ги овие соединенија
скопјанецот Јоцо секојдневно храни стотици скијачи на ски ценарот „Маврово“, каде
од утро до вечер подготвува разни бургери со чисто телешко месо.
На нашите патувачи
кои редовно ги следат препораките од Кајак.мк, сигурно им е добро позната „Jojo’s
BBQ“ приказната. Без разлика дали
сте го посетиле Маврово на лето или преку зима, мирисот на плескавицата е
секогаш присутен на бачилата.
За Кајак.мк
приказната за Jojo’s BBQ е симпатична
од повеќе аспекти. Пред се, среќни сме што во Македонија постојат вакви авантуристи
кои ја секојдневно ја загреваат скарата на 1600 метри надморска височина, а од
друга страна, драго ни е што неговата приказна го промовира туризмот на Маврово
и шири позитива кај скијачите кои го посетуваат. Затоа Јоцо од денеска е нашиот
нов локален херој кој прави мали нешта од огромно значење во развојот на
туризмот.
Јоцо вели дека зад
успешната приказна на „Јоjo’s BBQ“ стои една голема банда, а кои главни улоги ги имаат Јојо и Борла-Манот. Се
започнало да се развива спонано. Љубовта кон готвењето го поттикнала да
подготвува разни специјалитети кои обожава да ги јаде додека е на планина. Но,
за Јоцо, главниот пресврт се случил минатата година на „Старо Бачило“ каде добил
огромна поддршка од свои блиски пријатели кои му помогнале со дизајнирање на
лого и промоција.
Можеби приказната
не би била успешна ако Јоцо не бил заљубен во планините. Неговото минато е
поврзано со планините. Тој вели дека со години е активен планинар, а ги има
искачено скоро сите врвови во Македонија и доста актрактивни врвови во Европа.
„Планината ме
научи на многу работи во животот и ми беше една од главните инспирации за оваа
што го работам денес. Направивме добар спој од хоби, храна и другарување“, вели
Јоцо.
Менито на Jojo’s
BBQ е кратко ама слатко. Овде се
неколку различни бургери и хот-дог, но вели дека секогаш има простор за
надоградување и проширување со нов инспиративна храна.
За него најважно
од се е место да биде 100% телешко,
здраво и чисто, додека се останато се базира на тоа колку љубов ќе се вметне во
храната. Денеска соработува со SkiHuts и Ресорт Маврово и вели дека благодарение на добрата логистика се
функционира во најдобар ред.
ЛОКАЦИЈА