Електра Гарден: Село Брвеница

Каде во Тетово? Разговарај на Viber Јави се на телефон

Прва гастро дестинација за 2023-та година е село Брвеница, тетовско.

Прва гастро дестинација за 2023-та година е село Брвеница, тетовско. За оние кои досега не слушнале за село Брвеница, треба да знаат дека ова селце се наоѓа во околината на Тетово, на надморска височина од 440 метри, со прекрасен поглед кон Шар Планина. Заедно со селото Долно Седларце, претставуваат голема современа населба. Во околината на Брвеница поминува реката Бардар, а селото се наоѓа близу до планината Сува Гора.

Денеска, во срцето на најголемиот вишнов овоштарник во Полог се наоѓа новиот ресторантски комплекс Електра Гарден. На само 20 минути возење од Скопје можете да ручате или вечерате во идиличен рустичен амбиент во прекрасна градина на повеќе од 10.000 м2.

Електра Гарден има прекрасни летниковци, летна бавча и извонреден затворен ресторан со централен камин и поставени маси на две нивоа.

За оние кои ќе се одлучат да го посетат ресторанот, треба да знаат дека овде може да се вкусат специјалитети подготвени од селектирани домашни димени меса, зреен кашкавал, шарско сирење, шумски печурки како и зеленчук од локалните производители. Како специјалитети на куќата се истакнуваат: Пафлакот со праз, специјалитети од полнет домат, пилешко филе, јагнешки котлети, бавно печени ребра, како и стандардните салати, тетовското тавче гравче и локални десерти.

Контакт: 071 376 742

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар