Основната идеја на менаџерскиот тим беше да се направи угостителски објект кој со квалитетна храна ќе ги задоволи најпрефинетите гости, а со внимателно дизајнираниот етно ентериер ќе создаде прекрасна атмосфера на вистинска стара македонска куќа.
Во срцето на Свети Николе од декември 2010 година работи
ресторанот Мечкуеска Куќа – Пуже. Ресторанот функционира на две нивоа, а
поседува и летна градина. Со вашето прво зачекорување во ресторанот, чиј
ентериер се одликува со елементи на етно куќа, ќе ве пречекаат ведрите лица на
персоналот кој ќе ви помогне да влезете во светот на нашите најразличните
јадења од менито на ресторанот.
Вашите незаборавни мигови поминете ги во прекрасен
невообичаен етно амбиент, каде ќе доживеете мигови на опуштена и мошне пријатна
атмосфера, збогатена со звуците на пријатната музика. Од ресторанот ќе си
заминете задоволни од беспрекорната услуга и пријатниот амбиент и со нетрпение
ќе го очекувате моментот кога повторно ќе се вратите.
Мајсторите на гастрономијата за вас ќе ги подготват
специјалитетите кои ќе следат по фантастичните предјадења и ќе ги разгалат
вашите сетила, изненадувајќи ве со вкусови кои никогаш не се забораваат. За
пријатно расположение ќе придонесат и висококвалитетните вина.
Основната идеја на менаџерскиот тим беше да се направи
угостителски објект кој со квалитетна храна ќе ги задоволи најпрефинетите
гости, а со внимателно дизајнираниот етно ентериер ќе создаде прекрасна
атмосфера на вистинска стара македонска куќа.
Квалитетот и добрата услуга се нашето мото кое не води во самиот врв на угостителството. Она што овој ресторан го прави различен од другите е долгогодишното искуство во кулинарството и врвната услуга по која сме надалеку познати.
Контакт за резервација: 072 599 990
ЛОКАЦИЈА