Stella Di Mare Gardens Resort & SPA Makadi

Пребарај цени

Плажа

 Хотелот ја користи песочната плажа на хотелот ,,Stella Di Mare Beach Resort & Spa 5*”, која е оддалечена на околу 450м , а од рецепцијата е околу 850м. Има  бесплатен шатл-бус до плажата. Влезот во вода е песочен и корален, водата се повлекува зависно од плимата, има платформа со која имате пристап кон подлабоките води. Коралниот гребен е погоден за љубителите на подводниот свет и на нуркањето. Лежалките и чадорите за сонце се бесплатни.

Facilities

Хотелски капацитети: Главен ресторан, повеќе ресторани (вклучувајќи и A la Carte ресторани: ,,Taj Mahal”- индиски ресторан, ,,Casa Mia” – италијански ресторан, ,, Layali Beirut” – либански ресторан, ,,Royal Wok”- кинески ресторан) и барови, отворена тераса, лоби бар, тераса бар, бар на плажа, 5 базени на отворено за возрасни и 2 базени за деца, базени со вештачки бранови, детско игралиште, велнес и спа центар , детски клуб, тениско игралиште, билијард.Wi-Fi интернет конекција на јавните површини – рецепција.

Сите гости имаат вклучено во цената Late Check Out и користење на All inclusive услуга до 15 часот од последниот ден на престој.

Локација

  • KM 32, Safaga Road, Makadi bay, Hurgada

Хотелот се наоѓа во заливот Макади, на околу 30 км од меѓународниот аеродром. 

Концепт за исхрана

All inclusive концепт на изхрана.
Главен ресторан (Blue Pharaoh Restaurant): служи широк спектар на меѓународна храна.
Појадок, ручек и вечера - шведска маса.
Забелешка: Доцна вечера на барање за доцно пристигнување и доцни екскурзии

Спорт и рекреација

8 надворешни базени, вклучувајќи и детски базен, спа центар, теретана, сауна, фитнес центар, хидромасажна када, масажа, мини клуб за деца, одбојка на плажа, терен за тенис, мини голф, билијард, дискотека.

Програма

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ | 8 дена - 7 ноќевања

Прв ден | Скопје - Хургада

Состанок на аеродромот во Скопје, 2 часа пред времето на полетување.
Директен лет за Хургада. Слетување во Хургада во раните утрински часови. Средба со претставниците на Ескејп Травел, асистенција за вадење на виза и трансфер со автобус до избраниот хотел.
Сместување во хотел според правилата на хотелот (најчесто после 14:00 часот).
Започнување на хотелските услуги и прво ноќевање

Втор до седми ден | Хургада

Денови за одмор во Вашиот хотел на база на избраната услуга.
Ве молиме при резервација побарајте во агенцијата опис на All inclusive / Ultra All Inclusive услугата за Вашиот хотел
Можност за факултативни излети во организација на локалната партнер агенција на Ескејп Травел. Можност за дополнителни активности во рамките на хотелот (пр. нуркање)

Осми ден | Хургада - Скопје

Појадок и одјавување од хотел според предвиденото време од страна на хотелот (најчесто од 10:00 до 12:00) после што завршуваат пансионските услуги.
Слободно време (можност за користење на хотелските содржини, без вклучени оброци и пијалок)
Превземање од хотел и трансфер до аеродром во вечерните часови.
Точното време на превземање од хотел ќе ви биде кажано од представниците на локалната партнер агенција.

Пакетните цени се во евра и ВКЛУЧУВААТ:

·  Авионски карти на релација Скопје – Хургада – Скопје со директен лет.

·  7 ноќевања во избраниот хотел на услуга All inclusive или Ultra all inclusive во зависност од избраната опција од Вас

·  Чекиран багаж до 20кг + 8 кг рачен багаж

·  Аеродромски и административни такси

·  Организиран трансфер аеродром - хотел - аеродром во Хургада

·  Пречек и асистенција на аеродромот во Хургада.

·  Организација на патувањето.

 

Пакетните цени НЕ ВКЛУЧУВААТ:

·         Влезна виза за Египет - за лица со Македонски пасош визата се добива при пристигнување во Египет и истата чини 25 долари.

·         Меѓународно патничко здравствено осигурување

·         Хотелски услуги после одјавување на собите.

·         Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.

·         Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата.

ЗАБЕЛЕШКИ:

·         Сите хотели се на барање.

·         Цените се во евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1еур.

·         За влез во Египет потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).

·      Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.

·         Објавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.

УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВИРАЊЕ ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊE 

·         За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст.

·         Целосната доплата на аранжманот е до 21 ден пред денот на поаѓање. 

·         Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.

·         Непридржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.

·         После уплатата барањето се процесира и потврда од хотелот се добива од 24 до 48 работни часа.

·         Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.

·         Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства. 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ РЕЗЕРВАЦИЈА 

·         точно име и презиме на патниците (како според документ)

·         датум на раѓање

·         број на пасош и датум на валидност. 

·         Пасошот треба да биде валиден најмалку 6 месеци од датумот на враќање во Македонија. 

·         Агенцијата не сноси одговорност за погрешно дадени податоци 

УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на патникот - СПОРЕД ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ 

УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на организаторот на патување 

Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето доколку не се оствари минималниот број на предвидени лица за реализација – 100 патника 

 

Дополнителни информации


Сместување

Хотелот има 721 сместувачки единици. Сите соби имаат бања со када или туш, фен, индивидуален клима уред, телефон, сателитска ТВ, електронски сеф, апарат за кафе/чај, мини бар (со доплата), балкон или тераса. Стандардните соби се со големина од 41 м2 за максимум 3 возрасни, супериорните соби се со големина од 50 м2, додека семејните соби имаат површина од 92 м2.
Собите се двокреветни (брачен кревет или два единечни кревети) или двокреветни со помошен кревет (брачен кревет и помошен кревет или два единечни кревети). 

Band Text

https://www.stelladimare.com/gardens_resort/

General Warning

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

Пансион

Услуга: Се вклучено (појадок, ручек и вечера - шведска маса, ужина, безалкохолни и алкохолни пијалоци).


За хотелот:

Сместен во областа Макади на ривиерата на Црвеното Море, Stella Di Mare Gardens Resort & Spa нуди отворен базен, спа центар, шопинг мол и дискотека.
Stella Di Mare Gardens Resort & Spa се наоѓа на само 10 минути пешачење од Stella Di Mare Beach Resort & Spa  и само 15 минути пешачење од плажата.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар