Steignberger Aqua Magic

Пребарај цени

Во цената е вклучено:

•Бесплатен шатл до Хургада (потребна резервација ден претходно)

Плажа

Приватна песочна плажа

Локација

Хотелот се наоѓа на енергичното ALDAU Shopping & Leisure шеталиште кое се протега преку величенствениот Steigenberger ALDAU Resort и ги повикува гостите да прошетаат, купуваат и да уживаат во прекрасно зготвената храна. На шеталиштето исто така се наоѓа Elements, обележјето на ноќниот живот во Хургада, која нуди прекрасна забава . 


Програма

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ | 8 дена - 7 ноќевања

Прв ден | Скопје - Хургада

Состанок на аеродромот во Скопје, 2 часа пред времето на полетување.
Директен лет за Хургада. Слетување во Хургада во раните утрински часови. Средба со претставниците на Ескејп Травел, асистенција за вадење на виза и трансфер со автобус до избраниот хотел.
Сместување во хотел според правилата на хотелот (најчесто после 14:00 часот).
Започнување на хотелските услуги и прво ноќевање

Втор до седми ден | Хургада

Денови за одмор во Вашиот хотел на база на избраната услуга.
Ве молиме при резервација побарајте во агенцијата опис на All inclusive / Ultra All Inclusive услугата за Вашиот хотел
Можност за факултативни излети во организација на локалната партнер агенција на Ескејп Травел. Можност за дополнителни активности во рамките на хотелот (пр. нуркање)

Осми ден | Хургада - Скопје

Појадок и одјавување од хотел според предвиденото време од страна на хотелот (најчесто од 10:00 до 12:00) после што завршуваат пансионските услуги.
Слободно време (можност за користење на хотелските содржини, без вклучени оброци и пијалок)
Превземање од хотел и трансфер до аеродром во вечерните часови.
Точното време на превземање од хотел ќе ви биде кажано од представниците на локалната партнер агенција.

Пакетните цени се во евра и ВКЛУЧУВААТ:

·  Авионски карти на релација Скопје – Хургада – Скопје со директен лет.

·  7 ноќевања во избраниот хотел на услуга All inclusive или Ultra all inclusive во зависност од избраната опција од Вас

·  Чекиран багаж до 20кг + 8 кг рачен багаж

·  Аеродромски и административни такси

·  Организиран трансфер аеродром - хотел - аеродром во Хургада

·  Пречек и асистенција на аеродромот во Хургада.

·  Организација на патувањето.

 

Пакетните цени НЕ ВКЛУЧУВААТ:

·         Влезна виза за Египет - за лица со Македонски пасош визата се добива при пристигнување во Египет и истата чини 25 долари.

·         Меѓународно патничко здравствено осигурување

·         Хотелски услуги после одјавување на собите.

·         Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.

·         Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата.

ЗАБЕЛЕШКИ:

·         Сите хотели се на барање.

·         Цените се во евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1еур.

·         За влез во Египет потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).

·      Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.

·         Обвјавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.

УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВИРАЊЕ ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊE 

·         За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или ако е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст.

·         Целосната доплата на аранжманот е до 21 ден пред денот на поаѓање. 

·         Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.

·         Непридржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.

·         После уплатата барањето се процесира и потврда од хотелот се добива од 24 до 48 работни часа.

·         Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.

·         Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства. 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ РЕЗЕРВАЦИЈА 

·         точно име и презиме на патниците (како според документ)

·         датум на раѓање

·         број на пасош и датум на валидност. 

·         Пасошот треба да биде валиден најмалку 6 месеци од датумот на враќање во Македонија. 

·         Агенцијата не сноси одговорност за погрешно дадени податоци 

УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на патникот - СПОРЕД ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ 

УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ од страна на организаторот на патување 

Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето доколку не се оствари минималниот број на предвидени лица за реализација – 100 патника 

 

Дополнителни информации

Хотелот нуди бројни барови и ресторани со примамлива кулинарска понуда, кои се наоѓаат во затворен и отворен простор. Понудата се движи од сезонски оброци на база шведска маса во ресторанот Magic Flavors, преку јадења на база на мала шведска маса за деца во ресторанот Magic Kids и јадења на италијанската кујна во ресторанот Magic Palappa, до вечера под ведро небо во ресторанот Magic Blue на плажата.
Љубителите на голф ќе уживаат во голф клубот Steigenberger ALDAU 9-hole golf center, додека нуркачите ќе уживаат во истражување на фасцинантниот подводен свет  во Хургада. 

Сместување

Располага со 725 раскошни соби, вклучувајќи удобни семејни апартмани со загарантирана приватност за родителите и децата, секој со своја соба и ТВ. Сите соби во хотелот се опремени со клима уред, мини-бар и дневна соба. Сите имаат постелнина од мек египетски памук и француски балкон или голем прозор со поглед на луксузните градини или базените.

Band Text

https://steigenbergeraldauresort.com/en/steigenberger-aqua-magic

Пансион

Услуга: се вклучено: појадок, ручек, вечера, ужина, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци според хотелските правила (самопослужување, избор на повеќе оброци).

All inclusive концепт:

-6 Magic ресторани

Појадок:07:00-10:30

Ручек:13:00 -15:00

Вечера:18:00 -22:30

Пијалоци се служат 24 часа.(локални алкохолни и безалкохолни пијачки, кафе, чај, минерална вода)


За хотелот:

Steigenberger Aqua Magic важи за најенергичниот, фамилијарен ресорт на Црвеното Море. Категоризиран како еден од најдобрите аква парк хотели во Хургада, Steigenberger Aqua Magic нуди прекрасни содржини и безброј активности на вода и на плажа.Ресортот исто така има своја приватна плажа, пространи базени и ресторани. Во централниот дел на хотелот се наоѓаат аква паркот и Aqua PlayTM.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар