ZYA Regina Resort

Хотелот е отворен во 1994 година, а последен пат е реновиран во 2017 година, се состои од двоспратна главна и анекс згради. Нуди неколку базени, ресторани и барови, а покрај разновидните содржини, може да се пофали и со добра локација.За деца има детски базен, аква парк, игралиште (за деца 4-12 години).


Пребарај цени

Плажа

Хотелот има своја плажа, користењето на чадори за сонце и лежалки е бесплатно. Еден помал дел е со корален гребен, кој привлекува голем број љубители на подводниот свет, а поголемиот дел е прекрасно уредена област за пливање со плитка вода.

Facilities

Услуга за перење и пеглање, продавници.

Локација

Сместен е во Сакала, на околу 7 км од аеродромот.

Концепт за исхрана

Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, бранч, ручек и вечера (самопослужување - избор на повеќе јадења според правилата на хотелот). Концептот вклучува и закуски, пица, сендвичи, хамбургери, сладолед, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Гостите имаат на располагање ресторани - El Zahra (главен ресторан), Il Foror Restaurant (бесплатно еднаш за време на престојот), BBQ Restaurant, Pool Restaurant и Burger Hub. Хотелот во својата понуда има и неколку барови - Pool & Beach Bar, Shark Stop & Vienna Coffee Shop, Oriental Corner и Fresh Juice Corner.
Се плаќа: Fresh Juice Corner, Oriental Corner, a la carte ресторани, Vienna Caffe, сладолед, увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Хотелот има право да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (време, содржина…).

Спорт и рекреација

Хотелот има три базени и базен со аква парк за деца и возрасни, дневна и вечерна анимација, јога, одбојка на плажа, теретана.

Се плаќа: тенис, билијард, пинг-понг, спортови на вода.

Важни информации

За овој аранжман важат општите услови на патување на Escape Travel, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.

Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд

Програма


Сместување

Хотелот има 417 сместувачки единици и сите имаат балкон / тераса, клима, SAT TV, мини бар, сеф, фен за коса, кетлер. Стандардните соби се со големина од околу 32м2, може да имаат поглед кон градина и балкон или тераса. Бунгаловите се со големина од околу 30м2 и имаат тераса. Superior regal rooms се со големина од околу 32м2, модерни простории со простран балкон или тераса.

Се плаќа: услуга во соба, Wi-Fi интернет, телефон.

Band Text

https://www.zyahospitality.com/en/hotels/zya-regina

General Warning

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

Health Care

Spa & wellness
Масажи, парна бања, турска бања, салон за убавина.

За хотелот:

Убав среден хотел со зеленило, цвеќиња, палми. Главната градба е на 2 спрата. Во зградата има conecting соби, а бунгаловите се само двокреветни. Мини барот во собите се наплаќа. Има тобогани. Плажата е помала но е преубава.

Информации за хотелот (клик!)
Информации за концепт 2024 (клик!)
www.zyahospitality.com

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар