Kaisol Romance Resort Sahl Hasheesh (Adult only)

KaiSol Romance Resort е дел од ланецот на луксузни хотели KaiSol кој ветува врвно подмладувачко искуство. Со идеална локација во мирниот воздух и сините мориња на Sahel Hasheesh, KaiSol Romance Resort е совршеното бегство од реалноста.KaiSol Romance Resort е хотел само за возрасни, украсен со различни содржини, активности и целодневна, целоноќна забава. KaiSol ветува прилагоден одмор за меден месец, парови и млади групи за да се препуштат на небесната мешавина на луксузно сместување и тропско одморалиште.


Пребарај цени

Плажа

Хотелот има своја песочна плажа долга 130m, која се наоѓа спроти шеталиштето, поголемиот дел е убаво уреден простор за капење. Гостите на хотелот можат бесплатно да користат крпи, лежалки и чадори.

Локација

Се наоѓа во Sahl Hasheesh, на околу 21km од аеродромот и 26km од центарот на Хургада.

Карактеристики за соба

Хотелот располага со 252 сместувачки единици и сите имаат SAT LCD телевизор, клима уред, Wi-Fi интернет, сеф, клима, мини бар (полн при пристигнување, а подоцна го полнат само со вода), чајник, фен за коса.
Superior соби (38m2) - имаат поглед на градина и можат да имаат прозор/балкон/тераса, се наоѓаат во новиот дел.
Deluxe собите имаат поглед на базен или море и имаат балкон. Собите со поглед на море (39m2) се наоѓаат во стариот дел и се реновирани, додека собите со поглед на базен (46m2) се сместени во новиот дел.
Deluxe jacuzzi соби (46m2) - имаат поглед на базен и делумен поглед на море, приватно џакузи и балкон, се наоѓаат во новиот дел на хотелот.
Deluxe swim up (46m2) - имаат поглед на базен и тераса со директен пристап до базенот, се наоѓаат во новиот дел на хотелот.
Jacuzzi Suite Pool (90m2) - имаат поглед на базен, се состојат од соба со брачен кревет и дневна соба, имаат џакузи, балкон и се наоѓаат во новиот дел на хотелот.
Signature Suite (90m2) - имаат поглед на базен, се состојат од соба со брачен кревет и дневна соба, имаат џакузи, тераса и директен пристап до базените, се наоѓаат во новиот дел од хотелот.

Се плаќа: телефон, room service.

Концепт за исхрана

Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, ручек и вечера (самопослужување - избор од неколку јадења според правилата на хотелот). Покрај главниот ресторан, хотелот има и неколку a la carte ресторани - Sicilia (италијански), Matsu (азиски), Masala House (индиски), Cedar (либански) и Reefs & Shells (морска храна). На гостите им се достапни и неколку барови - Sea Breeze Bar, Fusion Bar и Palmside Bar. Понудата вклучува и ужина во текот на денот и после полноќ, колачи, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Се доплаќа: a la carte ресторани (рибниот ресторан се доплаќа, останатите се бесплатни еднаш за време на вашиот престој), увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци и се' останато надвор од концептот.

Хотелот има право да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (времето, содржината...).

Спорт и рекреација

На гостите им е на располагање надворешен базен и базен за релаксација (надворешниот базен се загрева во текот на зимската сезона), пинг понг, пикадо, бочање, билијард, музика во живо и вечерни програми, Wi-Fi интернет.
Се доплаќа: нуркање, спортови на вода, snorkling и други активности надвор од концептот.
Spa & wellness
Гостите во оквир на спа центарот можат бесплатно да го користат фитнес центарот.

Се доплаќа: сауна, парна бања, џакузи, турска бања, масажи и други третмани.

Важни информации

Хотелите имаат право да менуваат одредени услуги, начини на плаќање, како и периодот на користење на содржината, промени на концептот all inclusive и слично, во согласност со нивната деловна политика, временските услови и други релевантни фактори, и тур-операторот не може да биде одговорен за истите промени.

Карактеристики за хотелот

Хотелот е отворен во 2010 година, а новиот дел од хотелот со поглед на пустината, планините и градината е отворен во 2019 година. Се нудат 252 сместувачки единици. На гостите им се достапни базени, неколку ресторани и барови. Се препорачува на сите кои сакаат да уживаат во мирен одмор и добра услуга.

Хотелот е наменет само за возрасни (16+).

Програма


Дополнителни информации

Услуга за перење и пеглање, доктор на повик, фризер, лимузина, продавници, паркинг.

За хотелот:

Информации за хотелот (клик!)
Информации за ALL INCLUSIVE 2024 (клик!)
https://www.kaisolhotels.com/

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар