Imperial Shams Abu Soma

Прекрасно уреден комплекс во заливот Сома беј, се состои од петкатна главна зграда во форма на буквата U. Хотелот има 322 сместувачки единици. Гостите имаат пристап до базени, неколку ресторани и барови. Поради својата локација, се препорачува за љубители на спортови на вода (китинг, едрење на даска...).За деца има детски базен, мини клуб, игралиште, мини диско, детско мени и анимации.


Пребарај цени

Плажа

Хотелот се наоѓа на прекрасна песочна плажа. Еден помал дел е со корален гребен, кој привлекува голем број љубители на подводниот свет, а поголемиот дел е прекрасна област за капење со плитка вода околу 100м.
Пешкири, лежалки и чадори за сонце се достапни бесплатно за гостите на хотелот. Крпите се добиваат со картичка (загубата на картичката ќе ја наплати хотелот).

Facilities

Услуги за перење и пеглање, лекар, продавници, rent-a-car, банка, конференциска сала, интернет кафе, наргиле

Локација

Се наоѓа на околу 50 км од центарот на Хургада и на околу 45 км од аеродромот.

Концепт за исхрана

Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, ручек и вечера (самопослужување - избор на повеќе јадења според правилата на хотелот). Хотелот има два a'la carte ресторани - Portofino (италијанска кујна) и El Khan (ориентален ресторан) и неколку барови. Концептот вклучува чај, колачи, закуски, сладолед, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Се плаќа: увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци и сè друго надвор од концептот.

Хотелот има право да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (време, содржина…).

Спорт и рекреација

Хотелот располага со 3 базени за возрасни и 1 базен за деца (едниот базен се загрева во текот на зимата, што е променливо во зависност од времето и исполнетоста на хотелскиот капацитет). Гостите имаат на располагање разни дневни анимации, тенис, пинг-понг, одбојка, билјард, аеробик, ватерполо, пикадо.

Се плаќа: осветлување на тениски игралишта, јавање коњи, спортови на вода, нуркање, риболов, интернет и друго вон концептот.

Важни информации

За овој аранжман важат општите услови на патување на Escape Travel, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.

Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд

Програма


Сместување

Хотелот има вкупно 322 сместувачки единици. Може да бирате помеѓу стандардна, супериор или семејна соба во зависност од бројот на лица. Супериор собите имаат многу голема тераса, летниковец џакузи. и  Сите соби имаат клима, SAT TV, сеф, мини бар, балкон / тераса / веранда, фен за коса. Идеален е за повозрасни групи на луѓе.
Се плаќа: телефон, услуга во соба. 

Band Text

https://imperialshamsabu.com/

General Warning

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

Health Care

Spa & wellness
Во рамките на Спа центарот, гостите можат да ја користат теретаната без дополнителни трошоци.
Се плаќа: сауна, џакузи, масажи и третмани.

За хотелот:

Информации за хотелот (клик!)
www.imperialshamsabusoma.com

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар