Golden Beach Resort
Пребарај цени
За хотелот:
Golden Beach Resort е туристички комплекс кој нуди база на All Inclusive, кој се наоѓа на околу 15 километри северозападно од Хургада. Располага со сопствена песочна плажа на Црвено Море. Нуди 7 ресторани и 8 барови.
Сместувањата се во климатизирани соби со приватни балкони кои гледаат кон морето. Тие вклучуваат современ декор и бања со када. Гостите го користат аква паркот кој е нов додаден во хотелот со 12 лизгалки за различни возрасни групи, тениски терени, мини голф и може да се организираат часови за ронење на плажата. Децата може да уживаат во активностите на детскиот клуб и помалите базени.
Тематски вечери се нудат во главниот ресторан, италијанскиот ресторан и ресторанот за риба. Гостите може да уживаат во коктел по вечера во еден од баровите.
Сместување
Golden Beach Resort нуди различни типови на соби:
- Стандардна соба: Со поглед кон градината/базенот и заден поглед, 28 м2.
- Промо соба: Заден поглед, 16-24 м2, соба без балкон.
- Соба со поглед на море: Поглед кон морето, 24 м2.
- Супериорна соба: Поглед кон страната на морето/базенот, 34 м2.
- Стандардна семејна соба: Одличен избор за до четири лица.
- Семејна соба со една спална: Поглед кон планината, 37 м2
- Семејна соба со две спални: Поглед кон градината/базенот, две соби 56м2.
- Делукс соба: Поглед кон градината/базенот, 28 м2.
- Економска соба: Одличен избор за сами или две лица.
Храна
Golden Beach Resort нуди различни опции за исхрана:
- The Bouquet: Ова е главниот ресторан кој нуди интернационална кујна. Тука се сервираат појадок ручек и вечера со различни тематски вечери .
- Grease: Овој ресторан нуди брза храна и континентални оброци.
- Don Vito: Италијански ресторан кој нуди вечера “а ла карте”. Потребна е резервација.
- Aladdin: Ориенталски ресторан кој нуди вечера “а ла карте”. Потребна е резервација.
- Fish Mint: Ресторан за морска храна кој нуди оброк за ручек, меѓуоброци и вечера “а ла карте”. Потребна е резервација.
- Beer Garden: Германски ресторан.
- The Vikings: Бар/ресторан за меѓуоброци.
- Bonsai: Азиски ресторан.
Освен ова, хотелот нуди 8 барови каде може да уживате во коктел по вечера.
Плажа
Golden Beach Resort има сопствена плажа на Црвено Море. Плажата е долга 150 метри и се наоѓа на околу 300 метри од главната зграда. . На плажата има тушеви и пресоблекувални. Плажата е песочно-каменеста.
www.goldenbeachresort.net
ЛОКАЦИЈА