Continental Hotel Hurghada

Хотелот е совршено сместен во залив со прекрасна плажа и приватна марина. Отворен е во 1994 година, а последен пат е делумно реновиран во 2017 година. Се состои од главна зграда од пет ката и нуди 252 сместувачки единици. Од 2017 година го носи називот Continental Hurghada Resort (дотогаш беше дел од ланецот Мовенпик). Поради својата локација и содржина, тоа е добар избор за одмор.   За деца има игралиште, мини клуб (4-12 години), мини диско. 


Пребарај цени

Плажа

Хотелот има прекрасно уредена песочна плажа долга околу 300 метри. Гостите на хотелот можат да користат лежалки и чадори за сонце.

Крпи се добиваат со картичка (загубата на картичката ќе ја наплати хотелот).

Facilities

Продавници, фризер, услуги за перење и пеглање, лекар, сала за конференции.

Концепт за исхрана

Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, ручек, вечера (самопослужување - избор на повеќе јадења, според правилата на хотелот). Хотелот исто така има неколку  a’ la carte ресторани - Al Dente (италијанска кујна, бесплатно еднаш за време на престојот со претходна резервација), Dabke (сириска кујна), La Terrace Bar & Grill (бразилска кујна) и Al Khalig. Гостите имаат на располагање и барови - Sundeck Bar (само за возрасни), Captain’s Bar, Pool Bar и Beach Bar. Концептот вклучува и закуски, кафе, чај, сладолед, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.

 

Дополнително се плаќаат: a’ la carte ресторани (италијански ресторан е бесплатен еднаш за време на престојот од најмалку 7 дена), наргиле, свежо цедени сокови, турско кафе, увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци, пијалоци во дискотека (бесплатен влез), сите пијалоци после 23: 00 часот, и остатокот надвор од концептот.

 

Хотелот има право да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (време, содржина…).

Спорт и рекреација

Хотелот располага со голем базен поделен на 3 сегменти со дел за деца и бебиња (само еден мал тобоган). За време на зимската сезона, се загрева еден сегмент од главниот базен (што варира во зависност од временските услови и пополнетоста на хотелскиот капацитет), тениско игралиште, две терени за сквош, мини голф, терен за кошарка, игралиште за одбојка, фудбалско игралиште, анимации, Wi-Fi интернет бесплатен во фоајето.

Се плаќа: пинг понг, опремата за тенис и осветлувањето, опрема за сквош, билијард, спортови на вода и други вон концепт.

* Дозволен е еден оброк безплатен во а ла карт ресоран со предходна резервација.


Програма


Band Text

https://www.continental-hurghada.com/en

Health Care

Spa & wellness

Гостите можат да ја користат теретаната без доплата.

Се плаќа: сауна, турска бања, џакузи, масажи и други третмани.

Локација

Continental Hotel Hurghada е луксузен хотел кој се наоѓа на главниот пат за Каиро. Сместен е во новата туристичка зона Мемша, на околу 5 км од аеродромот и на околу 10 км од стариот дел на Хургада.

 

За хотелот:

Информации за хотелот (клик!)
Информации за ALL INCLUSIVE 2024 (клик!)
www.continental-hurghada.com

Пансион


Сместување

Хотелот располага со 252 сместувачки единици (стандардни соби, супериор соби, deluxe соби, фамилијарни соби,  junior siute, terrace suite, deluxe suit и presidental suite). Сите соби имаат клима, LCD SAT TV, TWC, фен за коса, мини бар, сеф, тераса / балкон / прозорец од подот до таванот.

Classic partial sea view - соби со страничен поглед на море, лоцирани на вториот и третиот кат.

Classic sea view - соби со поглед на море и базен, лоцирани на третиот кат.

Deluxe sea view - соби со поглед на море и базен, лоцирани на четвртиот и петтиот кат.

Family sea side - соби со страничен поглед на море, без тераса, лоцирани на вториот, третиот и четвртиот кат.

Се плаќа: услуга во соба, телефон, мини бар.

General Warning

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар