04.05.2020
Филмови што треба да ги гледате ако сонувате за Италија
Филмови што треба да ги гледате ако сонувате за Италија
Италија има продуцирано и инспирирано доста филмови и режисери кои се светски познати, а некои и ќе останат евергрини. Бидејќи Италија влегува во втора фаза, а наскоро ќе можеме и да и се вратиме на нејзиното тло, ние ви предлагаме да ги погледнете следните филмови кои дефинитвно ќе ви ја зголемат жедта за патување во Италија.

Everett
Quantum of Solace (2008)
Додека повеќето критичари на филмот се расправаат дека „Quantum of Solace“ не е толку добар како останатите делови на Бонд, од наша перспектива ова е одличен филм за едно фиртуелно патување во Италија. Езерото „Комо“ и делови од тоскана ќе ви останат во вашето мало делче од мозокот кој е „толку стрвен“ за нови патувања.

Stealing Beauty (1996)
Јас имав само 3 години кога Бернардо Бертолучи изведе нешто кое денеска го нарекувам „НАЈДОБРОТО ОД ФИЛМСКАТА ИНДУСТРИЈА“. Лив Тајлер извонредно глуми како Луси, која патува во Тоскана за да ги посети семејните пријатели откако ќе ја изгуби мајка си во самоубиство.
| ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Италијанските улици преполни по завршување на строгиот карантин |

Only You (1994)
Една млада госпоѓица Мариса Томе, се кае на нејзината свадба по повеќето повици да се откаже од свадбата и да патува низ Италија. Освежителни сцени се сите во Венеција.

Ocean's Twelve (2004)
Ако сте заљубени во езерото Комо, имајте предвид дека и Клуни, Пит, и други го обожаваат. Ви го препорачуваме делото.

The Italian Job (1969)
Ова дело од 1969 година ви раскажува како мини фустаните на младите жени, џемперите на мажите, симпатичните автомобили биле од секогаш дел од животот на италијанците.

Letters to Juliet (2010)
Ова љубовна приказна ја препорачуваме на младите кои знаат да пуштат по некоја созла од среќа додека гледат американски филм со „хепи ендинг“. Но, исто така го препорачуваме секому кој сака за момент да отпатува до Верона, регионот „Тоскана“ и Рим.

Under the Tuscan Sun (2003)
Погледнете, некои можеби се потсмеваат на ова приказна во која глуми Дајан Лејн. Ова траги-комедија за сонот на жената и за убавините на Италија ќе би отвори нови погледи кон убавото крајбрежје на Италија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Улиците на Италија повторно мирисат на пица
Зошто Кајак.мк сака да и се вратиме на Италија после сето ова...
Група жени во Венеција доставуваат храна преку гондола
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонско семејство ја воодушевува Германија со храната и гостопримството
Од Струмица до Леверкузен: семејна приказна за храброст, вкус и успех. Приказните за успешните македонци достапни на Кајак.мк и Macedonia Abroad.
Анти-Инстаграм Македонија: дестинации што не се тренд, но стануваат избор на свесни патници
Откриј го концептот на анти-инстаграм туризам во Македонија – патување без гужви, без филтри и без сценографија. Анализа за новиот профил на патник.
Ги мотивирам луѓето да купуваат македонски производи дирекно од градините
Запознајте го Филип Димкоски – агроном, новинар и основач на „Градината на Филип“, кој ги учи луѓето како да одгледуваат сопствена еколошка храна.
BIT 2026 Милано: Светски центар на иновативен и одржлив туризам
BIT 2026 во Милано започна денес! Откријте ги најновите туристички трендови, иновации, одржлив туризам и глобални можности за туристички оператори и дестинации, вклучувајќи Македонија.
Њујорк 2026 – туристички водич за знаменитости, локални тури и незаборавни искуства
Откријте го Њујорк во 2026: Статуата на слободата, Central Park, Times Square и скриени локални тури. Совршена дестинација за култура, гастрономија и авантуристички патувања.
Отворено ново приватно СПА искуство на Беровското Езеро
Со Кајак.мк до сите спа сместувања во Македонија и надвор.