27.10.2020

Најдобрите есенски тури со коњи се во Требиште

Најдобрите есенски тури со коњи се во Требиште

Есента не треба да ви биде пречка за да патувате, туку напротив треба да ги искористите нејзините предности кои таа ни ги дава. Од созреани плодови, прекрасни планински пејсажи, до тури на топлото сонце како што е турата со коњи во село Требиште. Тимот на Кајак.мк ве обврзува сите да понесете со вас кеси за отпадоци доколку се решите да ја искористите ова тура. Не смееме да оставиме нути еден отпушок од цигари на земја.  

Зошто велиме дека ова е една од најубавите тури на есен? Затоа што слободата која ја имаат коњите за совладување и искачување на различни терени, е незаменлива со ниедно моторно возило. Особено јавањето на коњи во близина на село Требиште кое може да се каже дека ќе ви биде едно од најдобрите искуства кои можеби ќе ги имате во есента. Поради прекрасната жолта боја околу вас. 

Турите кои ги организираат Hedon Riding од помали групи со максимална бројка до 6 лица, што е одлична опција за тимбилдинг дружење со колегите, фамилијарен излет, дужба со вашите пријатели или роднини.

Ова е добитна комбинација доколку сакате да поминете време во планина со вашите најблиски, а сепак на тивко место и далеку од метежот. 

Hedon Riding велат дека се трудат со вакви тури да им пружаат уживање на клиентите, луѓе кои се желни за авантури и истражување на нови предели. Со вклучување на локалното население во развој на туризмот во оваа област тие придонесуваат за економски раст и овозможување на подобри услови за егзистенција на село, особено на ова село каде коњите се изворот на приход. 

Тури можете да резервирате на телефонскиот број 071 555 490.

Фотографите се направени од Марко Блажевски instagram профил @blazevskimarko.


Можеби ќе ве интересира:

Предлози за активен одмор на Маврово во октомври и ноември



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.