09.02.2021
Ја промовираме убавината на Македонија преку организирање трки
Ја промовираме убавината на Македонија преку организирање трки
Кој би рекол дека во време на пандемија нема убави настани во Македонија? Ве запознаваме со Дејан Крле кој е дел од организацијата на „Vodno-Matka Trail Marathon 2021“. Овој целодневен настан во природа ќе се оддржи на 27-ми март, а е составен од две трки. Едната е планински маратон од 42 километри и треил трка од 26 километри по падините на Водно и низ Кањонот Матка.

Она што нам, како тим кој се бави со туризмот не
особено драго е фактот дека и двете трки поминуваат ни прекрасни предели од
државата, каде покрај натпреватувањето, учесниците ќе може да уживаат во она
што им го нуди природата.
Дејан вели дека трките поминуваат низ најубавите предели на Водно, планина која нуди прекрасни места за набљудување на Скопската котлина и планините кои ја опкружуваат како: Скопска Црна Гора, Жеден, Караџица, Јакупица, Китка, а во далечината и живописниот шарпланински масив.

Покрај Водно, трката поминува и покрај реката
Треска и Кањонот Матка. Чувството е уникатно кога се се трча покрај природна
архитектура која е надополнета со мистичните манастири и цркви и споменици од
византискиот период.
Скоро секој година има повеќе од 300 унесници од Македонија кои се пред се љубители на природата. Околу 24 отсто се млади лица на возраст до 29 проценти.

Има и многу странски туристи. Скоро 120 тркачи и
уште стотина нивни придружници се дел од настанот. Странците овде остануваат и по
повеќе денови. Најчесто престигнуваат два дена пред насанот, ноќеваат и
остваруваат туристички прошетки, се со цел да го запознаат регионот каде што ќе
се натпреваруваат одблиску.
Дејан ни испрати и листа препролна со позитивни
рецензии од странските учесници, многумина од нив доаѓаат од соседните земји, а
велат дека ќе се вратат повторно на трката. 
Планинското трчање е најбрзо растечкиот спорт во
природа во светски рамки. Во 2019 низ светот имаше илјадници организирани трки
кои се случуваат во национални паркови, заштитени подрачја и природни
резервати.
Меѓудругото, тие придонесуваат значајно да се
зголеми економската добивка од вон-сезонски авантуристички туризам во
планинските региони и местата со значајно културно наследство.
Планинските трки ги охрабруваат младите да
развијат здрав и активен животен стил и промовира палета на можности за разни
спортски активности и посета на места од интерес околу градот Скопје и Кањонот
Матка. Долгорочната визија на ТРЕКС во следните 5-10 години е да го достигне својот
целосен потенцијал и да понуди 5 настани со 15 планински трки со различна
должина и тоа од 20 км, 40 км, 60 км, 80 км, 100 км и 170 км на повеќе од 3000
натпреварувачи, како и да постане дел од престижните Ultra-Trail® World Tour
настани.
Дејан вели дека сите трки вклучувајќи ја и Водно-Матка се креирани се со цел да ги задоволат потребите на љубителите на природата.
Повеќе информации за учество на трката можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?