16.10.2020

Вила во Пештани со најдобрите зајдисонца

Вила во Пештани со најдобрите зајдисонца

Тимот на Кајак.мк ве води во Пештани. Селото кое претставува средишна населба во западниот дел на планината Галичица. Доста еко село и опколено со шума. Пештани се наоѓа долж брегот на Охридското Езеро, а низ него поминува патот Охрид-Свети Наум. Доста зелено село, а уште поубав рејлеф на кој се наоѓа сместувачки капацитет. На врвот на Пештани се наоѓа вилата „Forest Paradise“ која можете да ја резервирате онлајн. 

Сместена на највисоката точка на Пештани (Охрид), вилата има уникатен поглед кон Охридското Езеро и планината Галичица. Плажата е оддалечена 100 метри (2 минути пешачење) и центарот на Пештани е оддалечена 1 км (7-8 пешачење).

Центарот на Охрид е оддалечен 10 км (10 минути со автомобил). Куќата е (130 м2) има 1 дневна соба, 2 спални соби и комплетно опремена кујна, како и едно купатило и еден тоалет. Дополнително, на терасата има место за скара на терасата. 

Ова куќа има три тераси и огромна градина. Просторот околу куќата е опкружен со природа и нуди прекрасен поглед со најдобрите зајдисонца што некогаш ќе ги видите, вилата е совршено просторно место за одмор.




Што би правиле во Пештани?

Посетете го музејот на вода „Залив на Коските“ кое е обновено наколно живеелиште и римски каструм во овој залив. Залив на Коските е залив во Охридско Езеро и археолошки локалитет на праисториска наколна населба на полуостровот и автокампот Градиште. Длабок е 3 до 5 метри. Местото е наречено „Плоча Миќов Град“. Денес има реконструкција на наколните живеалишта (Музеј на вода „Залив на Коските“) и платформи, со свој посетителски центар. Над него се издига обновено римско утврдување (каструм) со воени објекти од тоа време, од macedonia-timeless.com

Вилата во Пештани, „Forest Paradise“ може да ја резериврате на телефонскиот број: 071 246 613


ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Чодосовата Колиба е една од најинтимните приватни сместувања во шума



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!