23.04.2025
Во Валандовскиот крај се развива нова туристичка гастрономска приказна
Во Валандовскиот крај се развива нова туристичка гастрономска приказна
Кајак.мк секогаш истражува онаку каде што недостасува! Ние во Кајак.мк настојуваме да ги промовираме оние предели во Македонија кои не се туристички атрактивни и секако да ви докажеме дека и таму има уникатни атракции кои можете да ги доживеете.
Денеска ве водиме во срцето на валандовскиот регион, поточно во село Пирава, каде климата е медитеранска, а почвата плодна за создавање гастрономски ремек дела.

Такви ремек дела во моментов создава Александар Аврамовски, човекот кој љубовта кон маслинката го поттикнала да засади над 800 дрвца маслинка, а денешниот родот да го претвара во митолошка течност која го носи епитетот како прво македонско бутик ладно цедено маслиново масло.

Александар нѐ пречека во својите производстени погони во Пирава, кои погони ќе бидат отворени за индивидуални посетители од средината на октомври, кога, како што вели тој, ќе ги добие новите залихи на маслиново масло.

ОД ИДЕЈА ДО ЗАНАЕТ
Сѐ започнало во 2008 година, како семејна визија која полека, но сигурно, прерасна во вистинско земјоделско богатство, вели Александар. Денеска на повеќе од 20.000 квадратни метри маслинова градина растат повеќе од 800 маслинови дрвца од сортата Chalkidiki, Ascollana и Picual. Ништо овде не е оставено на случајност: секој лист, секој плод и секој чекор од производството се раководат со страст, знаење и внимание кон деталите.

Семејството Аврамовски има инвестирано во современа
технологија и складишта, а во 2024 е набавен врвен млин за ладно цедење кој го
поставува стандардот високо – според најстрогите светски критериуми.
Александар вели дека секоја маслинка се бере рачно, а преработката започнува најдоцна 4 часа по бербата, при строго контролирана температура од 24°C што е магична формула за задржување на нутритивните вредности и природниот вкус.

МАСЛИНОВО МАСЛО СО ДУША
Маслото не само што е 100% произведено од сопствени маслинки, туку секоја капка зборува за Македонија – за нејзината почва, нејзиниот дух и нејзините луѓе. Со ниска киселост, богато со антиоксиданти, со боја како злато и вкус кој потсетува на свежо покосена трева и штотуку набрани маслинки – ова масло не е само производ, туку доживување за сите сетила.

Тимот на Кајак.мк ја додава оваа уникатна Olive Garden приказна во категоријата на
гастрономски предлози, а како шти и ви споменавме на есен ќе бидат официјално
отворени вратите за индивидуални посетители кои ќе може да прошетат низ
маслиновата плантажа, да се запознаат со процесот на производство и да го осетат
вкусот на валандовскиот крај.
Коментари
-
Grdanoski Milan
19.10.2026 18:10
Одвај чекам да дојдам кога ќе биде бербата и ладното цедење на маслинките, па да го пробам со моите сетила квалитетот на маслиновото масло, уште подобро ако е нефилтрирано...
-
Ангел Пиндеров
12.08.2025 10:07
Би било добро доколку има веќе готов производ, да се остави контакт за нарачка. Верувам дека оваа еликсир-гастрономска реалност е вредна да се споделува на Facebook.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!