19.08.2024

Во Македонија се наоѓа „Рајот на земјата“ за кој малкумина слушнале

Во Македонија се наоѓа „Рајот на земјата“ за кој малкумина слушнале

За оние кои не се љубители на приватни места каде спокојот е приоритет и каде природата ќе биде 100% од вашето секојдневие за време на престојот, може слободно да ја исклучат страницата и да не продолжат со читање. За оние пак кои го бараат спокојот ширум Македонија, тимот на Кајак.мк е среќен што ќе ве запознае со уште една уникатна вила, на уште поуникатна локација за која веруваме дека повеќето досега не сте слушнале.

Детали за вилата и опција за резервација ќе најдете со еден клик ОВДЕ.

Денеска ве водиме во село Дрен. Планинско село во падините на Кожуф, покрај кое тече чистата и бистра река Дошница и село кое е 100% опколено со богата густа шума. Овде владеее природата и мирот што ја прави ова дестинација повеќе од уживање.


Во близина на селото Дрен е и селото Чифлик кое мора да го посетите, а овде се и популарните топли вирови кои важат за локална атракција. Вировите се наоѓаат на реклата Дошница, овде локалните жители се капат преку лето и го уживаат мирот.

До самото село се пристигнува по афалтен пат кој води од Демир Капија, една од нашите омилени летни дестинации, каде при враќање од Дрен, можете да наминете на ручек во винаријата Queen Marija и да уживате во тоа што таа има да ви понуди.


Зошто го нарекуваме „Рај на земјата“? Затоа што е на идеална надморска височина од 300 метри, затоа што овде тече една од најчистите и бистри реки за капење и затоа што овде владее природата и шумата.


Во самото село се наоѓа ова прекрасна вила со базен која можете да ја резервирате преку Кајак.мк. Вилата е идеална за 6 лица, а тоа може да биде семејство кое сака да ги прошета своите дечиња во природа, а идеална е и за дигитални номади кои сакаат да ја “преселат“ својата канцеларија во природа.


Самиот предел има и велосипедски патеки што ви овозможува да ги понесете вашите велосипеди, а сместувањето дозволува влез на домашни миленици, што дефинитивно можете да го понесете и вашиот омилен пријател.

Повеќе информации, фотографии како и опција за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.

Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!

Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!

Охрид од поинаква перспектива: вино и традиционални вкусови

Откријте го Охрид од поинаква перспектива со македонски вина, локални сирења, сувомеснати производи и традиционални вкусови.

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!

Ново на kajak.mk: Ново водено адреналинско искуство на Охридското Езеро

kajak.mk носи ново водено искуство во Охрид – приватна eFoil обука со професионален инструктор и комплетна опрема на Охридското Езеро.

Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!

Планинско сместување на Кајак.мк каде никој нема да може да ве најде!