15.10.2025

Запознајте ја Верица - локалната хероина што создава чуда од епоксидна смола

Запознајте ја Верица - локалната хероина што создава чуда од епоксидна смола

Kajak.mk континуирано ги поддржува локалните приказни кои преку посветеност, креативност и личен труд создаваат вредност во заедницата.
Една таква приказна е онаа на Верица, жена која од својата професија и љубопитност изгради сопствена уметничка насока – создавајќи уникатни производи од епоксидна смола.

Во свет каде бројките често ја водат главната приказна, Верица ја пронајде својата магија во нешто сосема поинакво – епоксидната смола. По професија сметководител, но по природа креативец, таа успеа да ја претвори својата љубов кон книгите и уметноста во нешто опипливо, уникатно и полно со душа.


Сè започнало со нејзината љубов кон читањето. Како администратор на страницата „Кул е да читаш“, Верица често истражувала креативни начини да ја изрази таа пасија. Еден ден на интернет забележала бележници за книги изработени од епоксидна смола – и тоа било доволно за да се роди нова идеја.

„Почнав да се информирам за материјалите, да истражувам и експериментирам. Нашиот пазар е ограничен кога станува збор за вакви производи, па најголемиот предизвик беше токму набавката и учењето на самиот процес,“ раскажува Верица. „Цела година експериментирав додека не го усовршив секој чекор.“


Од тие први обиди се роди Epoxymarvelsbyv.mk – мал бизнис кој денес плени со рачно изработени предмети од епоксидна смола: украсни парчиња, практични додатоци и детали кои носат топлина и индивидуалност во секој дом.

„Чувството кога создаваш предмет од почеток, со само неколку ‘состојки’, и знаеш дека тоа е твое дело од почеток до крај – е неверојатно убаво,“ вели Верица.


Во иднина, таа планира да го прошири својот асортиман и со накит од епоксидна смола. Но, нејзината визија оди и подалеку – сака што повеќе луѓе да ја препознаат вредноста на рачната изработка. „Тоа што велиме дека предметите имаат душа, не е само фраза – тоа е вистина,“ додава таа.

Нејзината порака до сите кои размислуваат да започнат нешто свое е едноставна, но моќна:
„Ако имате идеја што тлее во вас – не се откажувајте. Почнете, дури и со најмали чекори. Секој почеток вреди.“


Kajak.mk ја поддржа Верица како дел од својата мисија за промоција на локални херои – луѓе кои со љубов, труд и креативност го прават нашето општество поубаво и поинспиративно место.

Остави Коментар

Коментари

  • Trajco Sticker

    15.10.2025 19:02

    Bravo, no ocekuvam doobjasnuvanje za prosiruvanje na pazarot.

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!