15.10.2025
Тим билдинг на компанијата Immomates исполнет со многу предизвици и забава
Тим билдинг на компанијата Immomates исполнет со многу предизвици и забава
Тимот на Кајак.мк повторно покажа дека тим билдинг настаните можат да бидат искуство за паметење! Овојпат, нашиот тим имаше чест да организира уникатен и инспиративен настан за вработените од компанијата Immomates.de, кои уживаа во серија креативни и автентични работилници. Со внимателно избрана програма, успеавме да создадеме комбинација од забава, учење и тимски дух. Настан кој ќе се памети по енергијата, смеата и искрената поврзаност меѓу колегите.

Кој би рекол дека светски познатите Art&Wine работилници можат да добијат сосема ново лице? Нашиот тим ја модифицираше концепцијата во оригиналната работилница ArtWithATwist, која има цел да го подобри тимското разбирање и комуникација. Наместо класична пасивна активност, вработените се соочија со предизвик каде треба да создаваат уметност – без зборови. Оваа тишина создаде силна енергија на доверба, концентрација и невербална поврзаност.

Нашите автентични гастро-работилници за подготовка на македонски тестенини со локални зачини секогаш се полн погодок. Тие не само што го спојуваат вкусот и традицијата, туку и ги обединуваат луѓето преку смеење, соработка и добро расположение. Вработените од Immomates.de уживаа во секој момент додека создаваа и дегустираа домашни специјалитети. Кулинарното искуство повторно покажа дека храната е најдобар мост меѓу културите и луѓето.

Без доза адреналин, ниеден тим билдинг не би бил целосен!
Затоа, нашите АТВ тури беа вистинскиот избор за авантура и возбуда низ
природата. По возбудливите рути, чашата добро македонско вино ја заокружи
приказната со мир и задоволство. Искрено им благодариме на Immomates.de за
довербата и можноста да создадеме едно незаборавно, инспиративно и навистина
уникатно патување.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!