07.04.2024

Скопје доби хотел во кој гостопримството е репер за среќни туристи

Скопје доби хотел во кој гостопримството е репер за среќни туристи

Тимот на Кајак.мк денеска ве води во обиколка на Старата Скопска Чаршија, каде недалеку од неа се наоѓа хотел Хамбург, кој за дел од скопјани веќе познато име, а за останатите можеби ова е прво запознавање со хотелот чиј нов менаџментски тим цели да го изгради во „Најгостопримливиот хотел во градот“.

Хотел Хамбург можете да го резервирате преку Кајак.мк, со еден клик ОВДЕ.


Од 1-ви Април, хотелот Хамбург, официјално стана дел од ЕТА групацијата, кои за Кајак.мк велат дека филозофија од нивното работење е да обезбедат топла и пријателска атмосфера за секој гостин. Целта од менаџирањето на хотелот е да создадат место каде гостите ќе се чувствува како дома, а и каде секој престој ќе биде пријатен и убав.


Со оглед на уникатната локација и посветеноста кон квалитетот, домаќините веруваат дека хотел Хамбург за кратко време ќе биде омиленото место на сите гости кои често го посетуваат Скопје.

Хотел Хамбург пред само неколку дена беше домаќин на првата група странски туристи кои го посетија градот. Велат дека најмногу им се допаднала храната за време на појадокот, пространите и чисти соби, како и грижата на хотелскиот тим кон цела група.


Хотелот има извонредна локација. Идеала за секаков вид на гости. Од луѓе кои доаѓаат да го истражуваат и уживаат градот, до оние кои доаѓат на бизнис и деловни состаноци.

Локацијата на хотелот е сведок на местото каде што се спојуваат новиот модерен град со Старата Скопска чаршија. На само неколку чекори од хотелот веќе започнува чаршијата, а самото соседство е живописно и динамично, со многу занаетчиски работилници, традиционални ресторани, кафулиња и историски знаменитости.


Хотелот е идеален и за домашни туристи, за луѓе кои доаѓаат во Скопје поради работни, туристички или други околности. Хотелот има свој приватен паркинг, пространи и комфорни соби, како и брз интернет.

Хотел Хамбург од денеска е дел од светот на Кајак.мк. Повеќе информации, фотографии, како и опција за он-лајн резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани

Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.

Кајак.мк ве води во село Слепче

Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.

Кајак.мк ве води во село Пклиште

Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.

Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје

Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.

Галичката свадба повторно го оживеа Галичник

Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.

Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците

Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.