13.04.2024
Организираме работилници по грнчарство каде секој посетител создава свое дело од глина
Организираме работилници по грнчарство каде секој посетител создава свое дело од глина
Велат дека интернетот има моќ да го промени светот, па затоа
тимот на Кајак.мк го користит максимумот на интернетот за промоција на сите
позитивни и убави приказни кои ни се случуваат во Македонија.
Целта на нашето постоење е да ви ги испромовираме сите локални херои во Македонија, кои за нас прават мали нешто од огромно значење за развојот на туризмот, за зајакнување на општеството и за градење на добрини помеѓу луѓето.
Денеска сме радосни што ќе ве запознаеме со уште една прекрасна атракција која можете да ја резервирате преку Кајак.мк. За оние кои сакаат да искусат нешто ново и уникатно, за оние кои бараат креативни бегства од секојдневната рутина, тогаш ние ви препорачуваме да се пријавите на некоја од работилниците по грнчарство кои се организираат во Скопје. Барање за работилница можете да испратите со еден клик ОВДЕ.

Позади ова прекрасно студио за грнчарство стојат млади
креативни луѓе, кои својата пасија кон уметноста одлучиле да ја истурат во ова скопско
катче каде секој од вас има прилика да стане дел од уникатно искуство каде вашата
креативност ќе можете да ја обликувате во разни форми, додека уживате во
друштво на пријателите, со чаша вино, чај или кафе.
Кафе работилницата е посветена на негувањето и ширењето на уметноста на грнчарството. Работилницата ви овозможува не само да се забавувате, туку и да учите, создавате и на крајот да си заминете со рачно изработен предмет кој ќе го цените и користите.

Локацијата на студиото е идеална - со лесен пристап и бесплатен паркинг, а ако временските услови дозволуваат, работилниците се оддржуваат на отворено во убавиот двор на ателјето. Ова дополнително придонесува кон опуштена и инспиративна атмосфера каде што секој може да ја истражува својата уметничка страна.

Студио нуди два типа на работилници:
Работилница на Грнчарско Тркало која ви овозможува да изработите предмет како чаша, чинија или слично. Максимално учество е ограничено на 4 лица, што ја прави совршена за мали групи или индивидуални сесии. Секое искуство трае околу 2 часа, вклучувајќи презентација и практична обука.

Втората работилница е именувана како „Вино и Глина" а е комбинација од уживање со чаша вино и создавање на уникатни скулптури или фигури. На оваа сесија може да се пријават од 8 до 10 учесници, правејќи ја идеална за поголеми групи што сакаат да создадат спомени заедно.

Секој креативен процес започнува со квалитетна македонска црвена глина и завршува со вашиот рачно изработен уникат кој може безбедно да се користи во контакт со храна благодарение на безоловните глазури. Предметите најпрво се сушат, па следува првото печење, глазирање (ако е вклучено), и конечно, второто печење. Целиот процес може да трае од 1 до 2 месеци, но вреди поради магијата што ја добивате на крајот.

Покрај тоа, секој учесник на крајот добива известување дека неговиот предмет е готов и спремен за подигање. За оние кои не можат да чекаат, работилницата нуди поклончиња како симболичен спомен од вашето искуство.

Да бидеш дел од работилница по грнчарство не е само учење на
нова уметност; тоа е можност за дружба, изразување и креирање на спомени кои
траат. Не пропуштајте ја оваа прилика да бидете дел од нешто посебно, да
создадете нешто свое што ќе ве потсетува на магичниот ден.
Доколку сакате да ги погледнете цените за пријавување на
работилницата и да испратите барање, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.